Вознемирувачки факти за преработената храна кои веројатно не сте ги знаеле

Сигурно не ве изненадува фактот дека преработената храна не е добра за вас. За среќа, сè повеќе луѓе се одлучуваат за локална и органска храна со цел да го подобрат своето здравје. Но, органската храна понекогаш е навистина скапа, па многумина не можат да си ја дозволат. Сепак, важно е да ги знаете овие факти и да се обидете да внесувате што помалку преработена храна.

1. Преработената храна ве тера да сакате повеќе

close up of fast food snacks and drink on table

Бидејќи луѓето природно се привлечени од некои видови храна, како вкусови и хранливи материи кои се потребни за преживување, јасно е дека некои компании за храна ќе ги додадат овие состојки во нивните производи. Бидејќи ние сакаме храна која има добар вкус, овие компании ги прават своите производи што е можно повкусни, па ви создаваат желба за нездрава храна. Научниците го нарекуваат овој феномен „Хипотеза за прекумерна тежина предизвикана од награда од храна“. Ова значи дека наградата и убавото чувство додека ја консумирате преработената храна има влијание на изедената количина, како и на маснотиите. А токму ова води до дебелеење.

2. Најголемиот број калории доаѓаат од преработената храна

<> on May 30, 2013 in Pico Rivera, California.

Истражувањата покажале дека повеќе од 3/4 од калориите доаѓаат од преработената храна. И тоа 61% од храна која е многу преработувана, и 16% од храна која е малку преработувана. Покрај ова, се покажало дека најпродаваните продукти се белиот леб, десертите кои содржат жито, газираните пијалаци, соковите и енергетските пијалаци.

3. Можете да станете зависни од преработена храна

(3)voznemiruvachki-fakti-za-prerabotenata-hrana-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Брзата храна е лоша за вас, но вие веќе го знаете тоа. Навистина е лошо да изедете цело пакување чипс или цела пица, но секому му се случува да се „опушти“. А дали знаете што ја прави оваа храна толку неодолива? Дали некогаш сте се запрашале дали можеби сте зависни од кашкавал? Па, можно е. Преработената храна е направена така што вие се чувствувате добро додека ја внесувате, а ова води до прејадување. Едноставно кажано, брзата храна може да ја преземе биохемијата на мозокот, да создаде зависност, а вие да изгубите контрола.

4. Натриумот има опасна улога во преработената храна

Salty Pretzel snack

Сигурно сте слушнале дека многу возрасни треба да го намалат внесувањето натриум во организмот. Ако сте свесни за потенцијалната опасност од него, можеби и вие ќе сакате да внимавате. Повеќе од 75% од натриумот се внесува преку преработената храна и храната од ресторани. Обидете се почесто да готвите, купувајте здрава храна и избегнувајте ги замрзнатите и преработени оброци.

5. Потребно е помалку време и енергија за дигестија на преработената храна

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Бидејќи компаниите сакаат нивната храна да има подолг рок на траење, дел од хранливите материи се отстрануваат, се намалуваат хранливите влакна и крајниот продукт е далеку од она што треба да биде. Овој факт докажува дека преработената храна има недостаток од хранливи материи. Токму поради ова вие внесувате повеќе калории за пократко време, но немате доволно енергија, па не ги трошите внесените калории.

Дали знаете што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете чипс?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар