Возможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“

Возможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“

Сите се стремиме кон совршенство. Мислиме дека ако сме совршени, ќе имаме совршен живот, ќе најдеме совршена љубов и ќе бидеме совршено среќни. Но, што значи поимот „совршенство“? И дали тоа е нешто што навистина можеме да го постигнеме?

Возможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“

Експертите тврдат дека вистинското совршенство не само што можеме да го постигнеме, туку тоа е и единствениот клуч за вистинската среќа и љубов. Проблемот лежи во начинот на кој го дефинираме совршенството. Нашата моментална перцепција за совршенството е само една голема заблуда.

Мислиме дека за да бидеме совршени треба да бидеме постојано среќни и да немаме недостатоци. Мислиме дека сѐ што е лошо е неприфатливо и дека треба да ги скриеме сите негативни страни. Ваквото совршенство не постои и невозможно е да се постигне.

Вистината е дека треба да ги прифатиме нашите несовршености за да имаме навистина совршен живот. Животот не е совршен и не се состои само од среќа и виножита. Животот се состои и од тага, загуба и болка. Животот е една прекрасна мешавина од солзи, смеа, радост и тага. Она што го прави животот совршен е начинот на кој ќе одбереме да ја доживееме таа палета од искуства.

Замислете си дека го живеете животот носејќи розови очила. Сѐ што гледате е розово и весело. Тоа не значи дека ги игнорирате пречките или дека тие станале невидливи. Тие се сѐ уште тука. Но, ако се фокусирате само на пречките, нема да ја видите убавината околу вас. Истото важи и за животот.

Дозволете си да почувствувате тага и лутина кога ќе ви се случи нешто лошо, но не тонете во тие чувства. На крајот на краиштата, сѐ се сведува на вашиот избор и на воспоставувањето рамнотежа. Сѐ зависи од тоа дали ќе одберете да ја гледате добрата страна на нештата.

Ако постојано трагате по животна радост, ќе можете да го доживеете совршенството на светот, на вашите сакани, како и вашето сопствено совршенство. Тоа е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи сета негативност во животот тежи три пати повеќе од сета радост и затоа нормално е што лошите работи ни влијаат многу повеќе од добрите.

Меѓутоа, ако престанеме да размислуваме на тоа каков би требало да ни биде животот и едноставно почнеме да го живееме, ќе научиме да ја наоѓаме позитивната страна на нештата. Ќе ви треба многу вежбање за да го постигнете тоа, но вашиот ум е како психички мускул. Со текот на времето, тој ќе се навикне на новиот начин на размислување и ќе ви стане полесно. Совршенството е насекаде околу нас и во сите нас, само треба да одбереме да го видиме.

Доколку не знаете како да го промените начинот на размислување, прочитајте ги овие 4 индиски правила кои ќе ви помогнат да го прифатите животот каков што е.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар