Водич за швалерисување: Ако веќе изневерувате, гледајте да не ве фатат!

Водич за швалерисување: Ако веќе изневерувате, гледајте да не ве фатат!

Во анонимна анкета која се одвивала на сајтот за дискретни вонбрачни врски AshleyMadison, 110.000 корисници одговарале на прашања преку кои откриваат кои според нив се најефикасните трикови за „шврљање“ на страна, без да бидете фатени од партнерот или партнерката. Ова се финтите околу кои се согласиле повеќето од нив.

Водич за швалерисување: Ако веќе изневерувате, гледајте да не ве фатат!

За некои работи ни збор

Не кажувајте ѝ на личноста со која имате афера работи за вашиот приватен живот. Колку помалку знае за вас, толку подобро. Никогаш не знаете што може да се случи понатаму, па попаметно ви е да не разоткривате премногу. Посебно не кажувајте лични податоци како вашиот домашен телефонски број, адресата на живеење или детали околу вашата работа.

Внимателно избирајте ги местата за среќавање

Најдобро е да избирате места за среќавање со личноста со која имате тајна врска, што подалеку од местата каде што вообичаено се движите, како околината во која работите или местото на живеење. Ова е тешко да се практикува во мал град, но колку поблиску сте до ваквите точки, толку поголеми се шансите дека некој познат ќе ве види.

Кријте ги доказите

Ова е многу очигледно правило кое неизбежно треба да го почитувате. Остатоци од кармин, мирис на туѓ парфем, туѓи влакна на облеката и во автомобилот, кондоми во чантата…

Внимателно со уредите

Најдобро е да заборавите на размена на мејлови, СМС-пораки или четување преку социјалните мрежи. Пожелно е да набавите посебен телефон кој ќе го користите само за оваа намена, но ако не сте во можност, никогаш, ама никогаш не заборавајте да ја исчистите листата на повици од вашиот мобилен (само тоа што треба, инаку би било уште посомнително), како и да ги избришете СМС-пораките. Љубовни и секси пораки не доаѓаат предвид. Не знаете во кој момент може да ве изненади порака која случајно може да ја види вашиот партнер или партнерка.

Не менувајте се

Ако сте почнале да се гледате со некој друг, немојте веднаш да почнете да правите драстични промени, ниту во физичкиот изглед, ниту во однесувањето. Ќе биде премногу сомнително ако наеднаш почнете да водите премногу сметка за својот изглед и поминувате премногу часови пред огледалото.

Користете заштита

Ова е задолжително. Покрај ризикот од непланирана бременост, најлошо е вашиот партнер или партнерка да дознае за вашата „екскурзија“ така што ќе му/ѝ пренесете некоја полова болест. После вакво нешто не постои ниедно објаснување на светот кое ќе може да ве извади.

Чиста сметка, долга љубов

Не плаќајте со картичка. Ниту кога ќе излегувате, ниту хотелските соби, ниту подароците. Користете само кеш. Штом платите со пари, сметката не ставајте во ја џеб или во автомобилот. Веднаш фрлете ја во првата корпа за отпадоци и елиминирајте ги сите физички докази за извршеното плаќање.

Не изневерувајте

Иронично е да добиете ваков совет од некој кој и самиот не го почитува. Сепак, колку и да бидете внимателни, секогаш постои шанса да бидете фатени. Затоа, ако не сакате да ризикувате, ако сте среќни со личноста со која сте, не експериментирајте и обидете се да си ги смирите хормоните со постојниот партнер. Во спротивно, вашата евентуална несреќа во врската, може да стане уште поголема несреќа која ќе ви го зафати целокупниот живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар