Водич за правилно нанесување руменило според обликот на вашето лице

Ако мислите дека нанесувањето руменило е крајно едноставно, размислете уште еднаш! Ако некогаш ви се случило да не ви се допадне како сте нашминкани, тогаш најверојатно не сте го следеле вашиот облик на лице, а верувале или не, тоа е многу важно! Исто како што на сите девојки не им стои ајлајнер или одредена боја кармин, исто така не може сите девојки на ист начин да нанесуваат руменило. Затоа, најнапред погледнете го вашиот облик на лице, а потоа земете ја четката и руменилото во раце!

1-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

Срцевидно лице

Лицето со облик на срце е издолжено, со високи јаболкници и тесна брада. Руменилото би требало да го нанесете на јаболкниците, скоро во облик на буквата „С“, од средина на образите па нагоре.

1-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_2-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk

Долгнавесто лице

Ако вашето чело, образи и вилица се на иста ширина, вашето лице има долгнавест облик, како еден вид „мек“ правоаголник. Ставете руменило на средина на јаболкниците, а потоа благо размачкајте го накај носот од страна. Исто така, нанесете малку руменило и на слепоочниците, покрај веѓите.

3-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 4-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

Квадратно лице

Доколку имате ваков облик на лицето, најверојатно е дека имате „прави“ страни и рамни вилици, па со руменилото малку ќе го омекнете вашето лице. Нанесете го преку целиот образ, од најнискиот дел па нагоре, кон веѓите. Потоа, суптилно нанесете руменило од внатрешната страна на веѓите кон носот. Слободно ставете малку и на усните и капаците. Зарем сега не изгледате прекрасно?

5-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

6-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

Тркалезно лице

Кај овој облик на лице, највпечатливи се образите, па затоа нив треба да ги „коригирате“ со помош на шминката. Насмевнете се и на највисоките точки од јаболкниците ставете руменило, размачкувајќи го кон надвор, накај ушите.

7-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 8-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

Овално лице

Овалното лице го карактеризираат благо истакнати образи, додека челото и вилиците се нешто пократки. За најдобар ефект, руменилото нанесете го на најистакнатите делови на јаболкниците, а потоа благо размачкајте го нагоре, накај слепоочниците.

9-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 10-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар