Водич за мажи: Како да ги пронајдете совршените фармерки?

Фармерките се најважниот дел од сечиј гардеробер. Повеќето мажи носат фармерки неколку пати неделно, ако не и секој ден. Тексасот одговара со речиси сè од облеката која ја поседувате, па токму ова ги прави толку чест избор. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да ги пронајдете совршените фармерки.

1. Како да ги носите?

Man's legs

Еден од најчестите проблеми кои мажите ги имаат со фармерките е големината на задниот дел. Причината за ова е или грешната големина, или грешното носење. Фармерките треба удобно да ви стојат на половината и треба да можете да ставите 2 прста помеѓу струкот и нив. Немојте да ги носите фармерките над или под вашиот стомак, бидејќи не се дизајнирани за да се носат на тој начин.

2. Крој

(2)vodich-za-mazhi-kako-da-gi-pronajdete-sovrshenite-farmerki-kafepauza.mk

Постојат неколку кроеви на фармерки, но обично сите мажи си имаат по еден кој им одговара најмногу. Кројот кој треба да го избегнуваат 99% од мажите е најтесниот, или познат како „ултра скини“. Повеќето мажи се одлучуваат за рамен крој, кој е потесен кај горниот дел од нозете, а поширок кај колената и листовите.

3. Скратување

Confident man posing in selvedge  jeans

Повеќето мажи ги носат своите фармерки премногу долги, па дното на ногавиците може да се уништи. Најдоброто решение е да ги скратите фармерките веднаш штом ќе ги купите. Ако не сакате да ги кроите, можете и да ги подвиткате бидејќи и ова изгледа исто толку добро.

4. Детали

(4)vodich-za-mazhi-kako-da-gi-pronajdete-sovrshenite-farmerki-kafepauza.mk

Деталите на фармерките се многу важни. Најважниот детаљ на кој треба да обрнете внимание е патентот. Секогаш е подобро да избирате фармерки со патент отколку само со копчиња. И бојата на конецот е важен детаљ. Класичните жолти конци создаваат дефинирани линии, додека „невидливите“ сини конци ќе привлечат помалку внимание кон вашите нозе и колкови.

5. Струк

fashionable clothes. pile of jeans on a wooden background

Почна да се појавува еден необичен тренд со фармерки со низок струк за мажи, но сепак тој изглед е подобро да им го оставите на дамите. Струкот до половина секогаш ви е најдобар избор со кој нема да погрешите.

6. Купување фармерки

i choose these jeans

Одвојте време да го пронајдете парот кој навистина добро ќе ви стои. Ако мислите дека не можете сами, продавачите се секогаш тука да ви помогнат.

Погледнете и како да ја зачувате бојата на фармерките.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар