Водич за лето: Изберете шешир според обликот на лицето

Шеширите се вечна модна инспирација, а и оваа сезона дизајнерите си поиграа со разните модели. Каубојски, федора, гламурозни или сламени – секој стил одговара на различно лице.

0-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

1. За срцевидно и т.н. дијамантско лице – шешири со мал обод

1-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

Девојките со срцевидно и дијамантско лице најдобро изгледаат во шешири со мал до среден обод. Сакате да го скриете челото за да изгледа пошироко, а шеширите со среден и мал обод се вистинскиот избор за тоа.

2. За долгнавесто лице – голем обод и ниска круна

2-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

Оние со долгнавесто лице треба да избегнуваат шешири со мал обод и висока круна бидејќи тие уште повеќе ќе им го издолжат. Потребен ви е шешир кој не е многу широк и со мала круна за да балансира со должината на вашето лице.

3. За округло лице – висока круна

4-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

Девојките со кружно лице сакаат да го издолжат. Затоа треба да бараат шешир со висока круна кој ќе ви ја даде потребната должина.

4. За оние со коцкесто лице – заоблен шешир

5-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

За да ги омекне строгите црти најдобриот шешир за овој тип лице е шеширот кој има заоблени линии. Полуцилиндар со краток обод, свтлив шешир или ѕвонеста форма – овие се добар избор за вас.

5. За овално лице – кој било вид шешир

6-vodich-za-leto-izberete-sheshir-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

На овој тип лице одговараат скоро сите видови шешири, само треба да се внимава на ободот – колку е поголем шеширот толку ободот треба да биде поширок.

6. За триаголно лице – широк и асиметричен обод

За овие девојки, шеширите со широк и асиметричен обод одлично ќе ја скријат испакнатоста на долната вилица.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар