Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Оние од вас кои сè уште немале прилика да ја гледаат уникатната ТВ серија „Убави мали лажливки“, почнете веднаш бидејќи со сигурност ќе ви се допадне. Станува збор за четири најдобри другарки кои постојано ги вознемируваат СМС, имејл или пораки напишани на огледало со кармин од анонимен испраќач, кој ги знае сите нивни најмрачни тајни. Пресвртот се случува како резултат на тоа што тие тајни ги знаела само нивната петта најдобра другарка Алисон, која неодамна е убиена, а убиецот е сè уште на слобода. Многу недоговорени прашања има во оваа серија. Дали Алисон ги споделила тајните со некој друг? Дали е таа сè уште жива? Ако не, кој ја убил?Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка АријаПопуларната тинејџерска серија во себе содржи многу мистерија, неизвесност, немир, скандал и секако – стил. Модата во ова ТВ шоу е особено запазена и го привлекува окото на гледачите, бидејќи секоја од девојките кои ги играат главните улоги, има посебен, дефиниран стил на облекување, кој е препознатлив и уникатен сам по себе.

Во овој текст ќе се задржиме на софистицираниот стил на Арија Монтгомери, кој има „позрела нота“ во однос на нејзините другарки. Таа обожава да се облекува во слоеви, комбинира различни материјали и шари и има тенденција да се држи до потемните тонови. Арија има женствен, но боемски стил, а границата е поставена на местото каде започнува уникатноста и препознатливоста.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Како да се облекувате како Арија?

За Арија експериментирањето со стилот на облекување не е ништо ново. Таа се облекува софистицирано, комбинирајќи парчиња облека изработени од разни материјали (кожа, кадифе, шифон), кои совршено ги комбинира со урбани, шик потпетици до глужд со патент, чанта со рачка од синџирче, декоративни чорапи до колена или моторџиски високи чизми. Секогаш постои една женствена дискретност во изгледот на Арија. Таа често носи фустани и здолништа, но ги комбинира со „бунтовнички“ модни додатоци, кои ја „убиваат“ класичноста и ù даваат секси изглед.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Темни бои

Арија се облекува во многу слоеви, носи парчиња облека со интересен дезен, изработени од различни видови материјали, но никогаш не носи светли бои. Нејзиниот плакар е исполнет претежно со есенски бои: црна, кафена, сива, вино-црвена, модро-виолетова.

Бидете смели и пробајте го невообичаеното

За да се облекувате како Арија, треба да имате чувство за авантура кога станува збор за облеката. Размислувајте надвор од вообичаеното додека ги правите комбинациите. Играјте си мешајќи различни стилови. Не грижете се со размислување за тоа што другите носат. Поставете си свои трендови. Сакате да облечете мрежести доколенки? Слободно! Како што Арија ни прикажува во серијата, секој треба да си се облекува за себе, а не за другите.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Барајте облека со уникатни додатоци

Ви се допаѓа како звучи: вечерен фустан со ремен со голема тока под градите, со врвки на шнирање на грбот или со прерамки од синџирче? Арија го има пробано сето тоа. За да го преземете вечерниот стил на облекување од неа, инвестирајте во парчиња облека што имаат богати детали, кои ќе даваат изразит акцент на вашиот стил. Деталите се тие кои ќе ве направат различни од останатите девојки во градот.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Облечете ги нозете

Хулахопки, дебели и тенки чорапи до колена, над колена, како и чорапчиња до глужд се работи кои морате да ги имате во вашиот гардеробер, доколку сакате вашиот стил да наликува на оној на Арија. Чорапите ги одржуваат нозете топлички во зима, а истовремено можат да се комбинираат со изобилие од обувки. Продолжете им го животот на вашите омилени сандалки – амазонки од минатото лето, со тоа што ќе ги носите со убави чорапчиња.

Помешајте стилови

Комбинирајте различни ткаенини, бои и шари. Облечете памучен фустан со кожна јакна, кариран фустан со плетено болеро или свилен фустан со провидна наметка. Ова се само примери за тоа како Арија се облекува во слоеви и ги меша различните стилови гардероба.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Обележете го вашиот стил

Сте забележале како Арија честопати комбинира здолништа со кожна јакна? Пронајдете го оној стил кој вам најмногу ви се допаѓа и ви прилега и таквите модни комбинации направете ги дел од вашиот секојдневен стил за да бидете препознатливи.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка Арија

Носете чизми од секаков вид

Чизмите се суштински дел од зимската гардероба на секоја девојка. Различните видови чизми можат инстантно да го трансформираат вашиот изглед. Цветен фустан изгледа сосема различно кога е облечен во комбинација со моторџиски чизми, а „кежуал“ изгледот составен од фармерки и маица добива сосема друга димензија во комбинација со стилето потпетици (со многу тенка штикла). Арија преферира да носи попредизвикувачки високи чизми во т.н. „моторџиски“ или „тракторски“ стил. Таа умее да создаде одлично урамнотежен женствен, а сепак шик изглед кога интересните парчиња облека ги комбинира со полу-високи антилопски чизми, кои се добитна комбинација за сезоната есен-зима.

Како Арија го одржува „природниот изглед“ на лицето?

Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка АријаИ покрај својата природна убавина, Арија не штеди на шминка. За во училиште таа целосно ги шминка очите и секогаш ги здебелува усните нанесувајќи балзами со длабоки тонови. Арија исто така има и прекрасна коса. Нејзините локни се раскошни и блескави. Со еден збор, Арија е извонредна.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате како Арија:

Нека моливчето за очи стане ваш најдобар пријател. Доколку сакате да ги истакнете очите, моливчето секогаш може да ви помогне. Исцртувајќи ги очите со црно или темно кафено моливче како Арија, веднаш го подобрувате вашиот изглед. Исцртајте ги очите од крај до крај, колку што можете поблиску до окото, а потоа здебелете ја линијата на аголот од окото, за да добиете подобар ефект. Кога го исцртувате долниот капак од окото направете само тенка линија. Некои девојки избегнуваат да нанесат моливче на „водениот дел“ (на внатрешноста од долниот  капак) од окото, но сепак тоа е личен избор.

Трепките на Арија секогаш се темни, густи и секси. За да ги направите трепките исти како нејзините, употребете маскара за згуснување на трепките, навиткувач за трепки и чешелче. Започнете со виткање на трепките. Потоа нанесете маскара од почетокот на трепките кон увото. За да добиете поголем волумен нанесувајте ја маскарата оддолу-нагоре повеќекратно. Финиширајте со чешелчето кое обично го има на другата страна од чешлето за веѓи.Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка АријаУпотребувајте сенки во темни мат бои, но сепак природни нијанси. Арија нанесува многу сенка, но никогаш не изгледа непристојно и упадливо, затоа што употребува матно природни нијанси, како кафена и сива. Палетата сенки која ви е потребна треба да содржи координирани нијанси. Започнете со средна нијанса од некоја боја и нанесете ја на целиот капак до коските под веѓите. Потоа, со четкичка нанесете ја следната потемна нијанса, започнувајќи  од надворешниот дел на капакот кон централниот и размачкајте нежно со прст. На крајот нанесете ја најсветлата нијанса во аголот на капакот и под веѓата.

Водич: Облекувајте се како убавата мала лажливка АријаНамачкајте ги усните со темна, богата боја во мат нијанса која одговара на вашиот тен. Доколку сакате да ги навлажните усните употребете балсам, наместо сјај.

Обојте ги ноктите неутрално, но сепак да бидат забележливи. Пробајте со темно сива, длабока црвена, сиво-кафена или сливова боја.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    da ima vakvi alista u mk kje e super a ne se ciganski….katastrofa….da imas pari a nemas so da kupis

  2. Anonimus Reply

    Me interesira kade igra ovaa serija?? Dali nekoj znae da mu kazE? Ke bidam Blagodarna :))

  3. Forbidden Rose Reply

    @Anonimus: Сега засега ја нема кај нас (Сигурна сум дека ќе ја има после 10 год. кај нас, кога веќе ќе и помине модата и гледаноста), од балканот колку што знам само во Хрватска ја даваат на ДОМА Тв. Инаку можеш да ја гледаш онлајн на сајтов.
    http://tv.blinkx.com/show/pretty-little-liars/rduNQWP_LpqWDKy5qkQuMpSRVMo#s1

Остави коментар