Водич: Како да купувате облека?

Автор: Д. Џ.

На многумина од нас често им се случува, и покрај тоа што знаат како сакаат да изгледаат и каква комбинација од облеки да направат, кога ќе влезат во продавница (особено голема), сосема да се изгубат и да не можат да се одлучат кое парче им се допаѓа и што да купат. За да го избегнете ова запомнете ги нашите 5 правила за мудро купување со средени мисли и идеи.

Водич: како да купувате облека?

1. Запишувајте ги комбинациите кои ќе ви се допаднат

Кога на интернет, на телевизија или пак на улица, ќе налетате на некоја комбинација која ви го одзема здивот, веднаш запишете ја! Имајте на располагање нешто што ќе го користите за инспирација и за да се потсетите што ви се допаѓа и како сакате да изгледате, пред да појдете на шопинг. Има толку многу начини да го направите ова, на пр.: креирајте нова папка со слики на компјутерот која ќе биде само за облеки, зачувувајте слики од вашата омилена модна икона (муза), славни личности во облека која ви се допаѓа… едноставно сè што ве инспирира!

Водич: како да купувате облека?

2. Замислите ги комбинациите парче по парче

Откако насобравте слики од повеќе комбинации кои ви се допаѓаат, треба да почнете да размислувате поситно. Навлезете во деталите, разгледајте сè што сте „запишале“ и  потрудете се да дојдете до неколку заклучоци за типот на парчиња кои ви се допаѓаат. Можеби после неколку разлистувања низ вашата папка за инспирација, ќе забележите дека на голем дел од сликите кои сте ги одбрале има кафени, кожни чевли или пак класични сакоа и слично.

Пристапете и од друг агол, за секоја слика поставете си неколку прашања. „Што е тоа што толку ми се допаѓа во оваа комбинација? Кое е најубавото парче на оваа слика?“ Верувајте, ќе се изненадите колку ова може да ви помогне во дефинирањето на вашиот вкус и работите кои ги посакувате.

Водич: како да купувате облека?

3. Елиминирајте ги парчињата од листата кои не се за таму

Откако ја направивте таа огромна листа, прејдете на елиминирање на работите кои не припаѓаат таму. Избришете ги работите кои не се за вас, тоа би биле оние кои едноставно не одговараат со вашиот стил или пак се премногу скапи. Размислете убаво, дали за некое парче кое е моментално во тренд вреди да платите толку многу пари за да го носите само една сезона? Или пак за парче кое ќе го облечете малку пати? Дефинирајте ја вистинската цена на производот пред да го купите! Нема поента во давањето многу пари за нешто кое ќе го помине поголемиот дел од годината во задниот дел од вашиот гардеробер. Земете ја вашата листа и поделете ја во две колони – колона со облеки за кои би дале повеќе пари и колона со облеки за кои не вреди да платите многу.

Водич: како да купувате облека?

4. Имајте план на игра пред да влезете во продавницата

На секој му се случило да купува без план и без листа на парчиња кои сака да ги купи. Никој не е љубител на импулсивно купување кое предизвикува плакар полн со парчиња кои нема да ги обожава и нема да сака да ги носи! Заклучок – секогаш имајте план за купување!

Имајте на ум (или на хартија) што сакате да купите и каде. Бар имајте идеја кое парче каде би можеле да го најдете.

Водич: како да купувате облека?

5. Одете во продавница и пробувајте!

Откако се сложивте дека имањето план ќе ве спаси од главоболка, отидете во продавницата која ја имате на ум и не штедете се себеси! Пробувајте, пробувајте, пробувајте! Ако премногу сте мрзеливи за да пробувате или купувате парчиња без да го направите тоа – правите огромна грешка! Некои парчиња може да изгледаат сосема различно откако ќе ги облечете одошто сте мислеле според тоа како изгледале на закачалката. Некои парчиња ќе ве изненадат, но некои и ќе ве разочараат! Затоа пробувајте додека не ви се смачи, и додека не го најдете парчето кое најмногу ви се допаѓа како изгледа НА ВАС.

Водич: како да купувате облека?Водич: како да купувате облека?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. tajne Reply

    mnogu mi pomognavte so statijata.

  2. Kuzmanov Reply

    Затоа кога ќе идеш да купуваш првото што ќе ти се допадне си го зимаш и завршена работа :) После да си мачиш мозокот кое најдобро ти стоело и слични глупоти нема… :)

Остави коментар