Во сенките на совршенството

Автор: Ана

За љубовта, за искушението…
Чаша црвено вино, доказ за страста.
Опиена ноќ од безгрижност,
театар и мала претстава на заљубените.
Без публика, срцето како наратор…
Ги води низ улиците на топли прегратки,
искрени погледи…
Низ мастило темната ноќ, воздишки љубов,
тишина или разговор…
Удобност.
Разголени пред својот карактер,
секоја мана е доблест.
Удобност.
Без срам, со погледот вперен во другиот…
Врели прекривки од зборови,
за најмилиот, за најдрагиот.
Два збора.
Сладост за нивното постоење.Во сенките на совршенствотоДа се сакаме, не само еден ден од годината! Да покажеме љубов не само еден ден од годината! Внимание… Секој ден. Нежност на вашиот репертоар. Љубовта е само обичен танц, ако во него не се внесе страст. Излиени и исцртани чувства на вашето тело. Покажете му на својот најближен каква слика правите секојдневно. Наздравете за тоа!

Наздравете за денот.
Наздравете за животот.
За успехот…
За вас!
За ситното, за големото.
За важното и помалку битното.
За вашето постоење.
Направете клопче од спомени…
Пуштете го да се тркала пред вашите очи.
Наздравете за тоа дека некој ги градел тие спомени со вас.
На здравје!

Утрешниот ден во себе ги држи најсилните емоции, комбинација на две слатки работи…Љубов и вино. Совршенство. Гламур. Постојаност. Забава. Загатка. Изненадете ги вашите најмили со парче искреност, подарок од вашата душа. Без страв прославете ги двата најубави празници.

Среќна заљубена пијаност!
Сакајте и ќе бидете сакани.
Љубете и ќе бидете љубени.
Наточете вино и за другиот… Поубаво е кога се пие во друштво.

Со љубов насликана од срце,
Ана

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар