Во само 7 чекори трансформирајте се од тивок интроверт во бестрашен лидер

Во само 7 чекори трансформирајте се од тивок интроверт во бестрашен лидер

Интровертите тешки се гледаат самите себеси на лидерски положби. Тие сакаат да бидат опкружени со луѓе кои ги познаваат, ги избегнуваат гужвите и интеракцијата со голем број личности, односно самотијата воопшто не им пречи. Но, важно е интровертните личности да сфатат дека и тие може да бидат одлични лидери. Ова животно патување можеби изгледа тешко, но не е невозможно.

1-i-toa-e-mozhno-7-chekori-so-koi-introvertnata-lichnost-stanuva-odlichen-lider-www.kafepauza.mk_

1. Подобрете ја комуникацијата „еден на еден“

Повеќето интровертни личности всушност добро функционираат во комуникацијата „еден на еден“. Затоа добра идеја е да продолжите на развивањето на таа вештина за да ја усовршите. Ваквиот вид комуникација бара внимателно слушање и активно учество во разговорот, што ќе ве направи уште подобар лидер.

2. Вежбајте водење разговор со луѓето

Можете да се опуштите додека разговарате со луѓето кои ги познавате, но многу ретко вие сте иницијатор на тој разговор. Токму една од најголемите слабости на интровертните личности е тоа што не преземаат иницијатива. Тоа треба да сакате да го промените, па затоа први обратете се на некого и започнете разговор.

Кога сте веќе на некоја лидерска позиција, прашајте ги колегите за нивните идеи, иницирајте разговори, информирајте ги за идните цели и работен напредок. Во почетокот тоа нема да оди лесно, но со време и пракса ќе станете многу подобри.

2-i-toa-e-mozhno-7-chekori-so-koi-introvertnata-lichnost-stanuva-odlichen-lider-www.kafepauza.mk_

3. Напуштете ја вашата удобна зона

Добриот лидер не се плаши да ризикува, а поимот „удобна зона“ не е термин со кој таквата личност се поврзува. Поставете си предизвици, немојте да се плашите да бидете во прв план, бидејќи е подобро што е можно порано да се запознаете со сето она што се наоѓа надвор од вашата удобна зона.

Исто така, однесувајте се како да сте најсамоуверената личност во просторијата. Запрашајте се како би се однесувал екстровертот во одредена ситуација и не покажувајте сомневање во себе. Особено не тогаш кога треба да зборувате пред голем број луѓе.

4. Потпрете се на технологијата

Ако сте како повеќето интроверти, тогаш со задоволство избирате праќање електронска пошта. Телефонирањето и разговорите лице во лице не ви се претерано омилен начин на комуницирање, и тоа е во ред. Затоа кога ќе имате шанса, можете да изберете онлајн платформа за да комуницирате со колегите.

5. Наполнете ги вашите батерии

За разлика од екстровертите, контактот со други луѓе за вас може да биде и тоа како исцрпувачки. После неколку часа дружење и постојано комуницирање потребен ви е вашиот личен простор. Немојте да се плашите да искористите неколку часа дневно за да се одморите и да се посветите исклучително на себе. Рамнотежата во овој случај се од голема важност.

happy young woman relax at home on sofa

6. Поделете ги вашите очекувања

Повеќето луѓе не се навикнати да работат со интровертни лидери. Тие очекуваат лидер кој постојано ќе им дава совети и упатства. Затоа не сакате да ги изненадите колегите со тивок пристап. Едноставно секому кажувајте ги вашите очекувања, но кажете им и што тие може да очекуваат од вас како лидер.

7. Прифатете дека сочувствителноста е вашата најголема сила

Способни сте да го видите и разберете она што ги мачи другите луѓе. Токму сочувствителноста е вашата најголема сила и предност. Можете да ги сфатите ставовите на сите личности кои се нашле во конфликт и можете да препознаете кога некому му е потребно охрабрување. Сочувстивителноста секако треба да биде дел од вашите лидерски вештини.

Оддалечувањето и оградувањето од конфликти не е нешто што лидерот може да си го дозволи. Искористете ја вашата сочувствителност, потпрете се на вашиот здрав разум, анализирајте ја ситуацијата и предложете правилно решение со кое сите ќе бидат задоволни.

Важно е да запомните дека тоа што сте интровертни не смее да ве спречи да станете добар лидер.

Повлеченоста има свои предности, а еве зошто интровертите се „погласни“ од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар