Во љубовната караница, паметната жена секогаш победува: 10 причини зошто мажот нема никакви шанси!

Колку жените се попаметни, толку им е потешко да пронајдат сродна душа. Може да одат на многу љубовни состаноци, но кога ќе стигне до одреден момент, таа врска не напредува понатаму. Не е секој маж доволно јак за да застане рамо до рамо со паметната жена. Истото мислење го споделува и Ранија Наим, која објавува текстови на популарните теми како проблемите и феномените со кои се сретнува во секојдневниот живот. Таа ги наведува причините поради кои мажите не можат да се изборат со паметната жена.

1-vo-ljubovnata-karanica-pametnata-zhena-sekogash-pobeduva-10-prichini-zoshto-mazhot-nema-nikakvi-shansi-www.kafepauza.mk_

1. Паметната жена поставува паметни прашања

Паметната жена ќе посака да разбере што се случува во вашиот живот, и зошто се случува тоа што се случува, и ќе постави прашања на кои можеби немате да имате одговор. Дури и на првиот состанок, ќе „копа“ длабоко по вашиот живот и ќе ви постави лични и филозофски прашања – и никогаш нема да ужива во плитките разговори.

2. Паметната жена е искрена

Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот идентитет. Ако што било ја прашате, ќе ви ја каже вистината, но истото го очекува и од вас.

3. Паметната жена знае што сака

Или кој го сака. Таа веднаш знае дали ѝ се допаѓате и не мора да „истражува“ или да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели, кои внимателно ги избрала.

2-vo-ljubovnata-karanica-pametnata-zhena-sekogash-pobeduva-10-prichini-zoshto-mazhot-nema-nikakvi-shansi-www.kafepauza.mk_

4. Паметната жена сака сериозна врска

Сака долги разговори за вашиот живот, сака да слушне приказни од вашето минато, сака да ја разбере вашата болка, и да му даде вредност на вашиот живот. Сака реален однос кој оди подалеку од излегување и забавување.

5. Паметната жена не се плаши од интимност

Таа не се плаши од зближување или од тоа дека ќе биде повредена доколку премногу се отвори. Не мисли дека со тоа ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја цени убавината на интимноста во врската.

6. Паметната жена гледа низ вас

Може да види кои сте вие навистина и што ве прави ранливи. Таа тоа никогаш нема да го злоупотреби, туку само ќе посака да знаете дека ве разбира и дека не мора да се преправате кога сте со неа.

3-vo-ljubovnata-karanica-pametnata-zhena-sekogash-pobeduva-10-prichini-zoshto-mazhot-nema-nikakvi-shansi-www.kafepauza.mk_

7. Паметната жена копнее по доследност

Ја исфрла од такт превртливото однесување. Сака силна и цврста врска, и знае дека зборовите мора да ги следат делата и обратно, а тоа е основата на секоја врска. Паметната жена нема да игра никакви „игри“.

8. Паметната жена е интензивна

Можеби делува помалку застрашувачки, бидејќи таа внесува страст и енергија во сè што прави. Нејзините емоции се интензивни, како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна спрема работите кои ѝ се важни.

9. Паметната жена знае како да сака

Доколку не можете да ја сакате вистински, таа ќе замине. Таа не знае како привремено да се гледа со некој кој навистина ѝ се допаѓа или да биде пријателка со некој кон кој не е рамнодушна.

10. Паметната жена нема да ве чека

Нема да ве чека да размислувате или да се двоумите. Таа е јака и страсна и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја цени нејзината длабочина. Иако трага за посебен вид љубов, паметната жена не се плаши да биде сама.

4-vo-ljubovnata-karanica-pametnata-zhena-sekogash-pobeduva-10-prichini-zoshto-mazhot-nema-nikakvi-shansi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар