Во денешно време најтешко е да се најде вистинска љубов

Во денешно време најтешко е да се најде вистинска љубов

Сите знаеме што се случува во мозокот кога ќе се запознаеме со некого. Едниот дел од мозокот одлучува дали личноста ви е физички привлечна, а другиот дел се обидува да одреди дали таа ви се допаѓа како човек. Дали би можеле да поминувате повеќе време со тој човек? Меѓутоа, оваа мозочна активност не е многу корисна во современото општество.

Во денешно време најтешко е да се најде вистинска љубов

Порано, луѓето го наоѓале нивниот партнер преку заеднички пријатели, познајници или пак роднини, така што тие веќе имале доволно информации и знаеле дали е безбедно да се заљубат или не. Денес, поголемиот дел од потенцијалните партнери со кои се состануваме ни се непознати, па дури и чудни. Деловите од мозокот што одлучуваат дали некој ни се допаѓа донесуваат избрзана одлука и најчесто велат „Нема шанси“, без да ни дадат можност вистински да го запознаеме човекот кој можеби е оној вистинскиот.

За нештата да бидат уште покомплицирани, имаме многу малку информации за новите луѓе што ги запознаваме. Поради тоа, сите површни податоци што ќе ги добиеме ги земаме здраво за готово. Не би ви биле толку важни неговите искривени заби, кога би знаеле дека тој е брилијантен професор, милионер, познат музичар и слично.

Првите впечатоци не се целосни, а постои голема веројатност дека вашиот мозок ќе одговори негативно на нив и ќе одбие некој кој навистина ви одговара и би можел да ви биде партнер. Мозочните активности не се секогаш корисни во денешната современа атмосфера на социјални мрежи и развиена технологија. Освен ако деловите од мозокот не ви велат дека одреден човек воопшто не ве привлекува физички и неговиот карактер ви е исто толку одбивен, обидете се да не ги слушате гласовите на разумот и да ги занемарите тие неколку мали недостатоци.

Истражувањата покажуваат дека колку повеќе комуницирате со некого, толку повеќе почнувате да го сметате човекот за привлечен интересен, паметен, сличен на вас, а толку поголеми се и шансите дека ќе почне да ви се допаѓа. Според некои податоци и анкети, 35% од мажите и жените се вљубуваат во некој кој на почетокот не им бил физички привлечен.

Замолчете ги гласовите во вашата глава што ја одредуваат човечката физичка привлечност и фрлете уште еден поглед. Љубовта се крие на необични места.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар