Внимание: Ова е најопасната несакана последица од носењето чевли со високи потпетици

Носењето штикли бара огромна пракса, но што повеќе ги носите толку полесно и ќе ви биде одењето со нив. Но, овој размер не се однесува и на вашето здравје. Едно неодамнешно истражување кое било спроведено на голем број жени ни покажало дека со носењето вискои штикли вие сериозно го загрозувате вашето здравје во постарата животна доба.

Внимание: Ова е најопасната несакана последица од носењето штикли со високи потпетици

И покрај тоа што на почетокот високите потпетици ги зајакнуваат мускулите на листовите и глуждовите, станува збор за краткотраен ефект. Секоја жена која има чевли со потпетици од 10 сантиметри и која ги носи до 3 пати неделно, значително ја зголемува шансата за деформација на сите зглобни мускули. Овие негативни промени на мускулите водат кон бројни хронични болести, како воспаление на зглобовите и артритис. Исто така, тие имаат негативен ефект и врз вашиот ‘рбет.

Но, доколку не сте подготвени да ги напуштите штиклите, постои трајно решение со кое можете да се заштитите од овој проблем. Вие треба да правите вежби за зајакнување на мускулите и зглобните врски. Редовните вежби со колената, листовите и зглобовите ќе ги зајакнат вашите нозе, правејќи ги да изгледаат поубави, но истовремено ќе ви помогнат и да бидете поздрави во постарата животна доба.

Вежба #1

  • Застанете покрај ѕид, исправете се и направете благ расчекор.
  • Подигнете се на прстите колку што можете повеќе и потоа спуштете се во првобитната положба.
  • Повторувајте ја оваа вежба секој втор ден, во три серии од 15 до 20 подигнувања и спуштања.

Вежба #2

  • Застанете на висок праг, скала, или ниско столче, но држете се само на предниот дел од стапалата, додека вашите пети се слободни.
  • Подигнете се најмногу што можете на прстите, а потоа спуштете ги петите до најниската точка.
  • Повторувајте ја оваа вежба секој втор ден, во серија од 15 до 20 подигнувања и спуштања.
За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар