Вкусни ужини со путер од кикирики

Може да биде кремаст или крцкав, солен или природен, но не може да се негира дека путерот од кикирики е навистина вкусен. Иако официјално Меѓународен ден на путерот од кикирики е 24-ти јануари, знаеме дека нема ништо поубaво од неговата секојдневна консумација.

Палачинки со путер од кикирики и парчиња чоколадо

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 160 грама купечка зрнеста смеса за палачинки
  • 1 поголемо јајце
  • 90 грама природен путер од кикирики
  • 240 мл млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 180 грама чоколаден чипс
  • 1 лажица несолен путер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 100 степени. Измешајте ги смесата за палачинки, јајцето, дел од путерот од кикирики, млекото, екстрактот од ванила и чоколадниот чипс. Стопете 1 лажица несолен путер во голема тефлонска тава. Од добиената мешавина испржете палачинки. Префрлете ги палачинките во загреаната рерна и чувајте ги таму додека не бидат подготвени за сервирање. Премачкајте ја секоја палачинка со преостанатиот путер од кикирики и во средината декорирајте со парче чоколадо.

Коктел од банана и путер од кикирики

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 1 мала зрела банана, пресечена на половина
  • 120 мл немасно млеко
  • 1 лажичка кремаст путер од кикирики
  • 3 коцки мраз
Начин на подготовка:

Во блендер измешајте ги бананата, млекото, путерот од кикирики и коцките мраз. Изблендирајте ги состојките додека не добиете изедначена густа течност. Послужете во високи чаши.

Мафини со јаболка и путер од кикирики

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 50 грама путер од кикирики со парченца (природен по можност)
  • неколку веќе подготвени мафини или друг вид колачиња
  • 2 јаболки исечени на кришки
Начин на подготовка:

Мафините премачкајте ги со путерот од кикирики. По желба, врз путерот можете да наросите пченични зрнца. Врз секој мафин ставете по една кришка јаболко.

Милиброд со путер од кикирики и банани

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 8 парчиња милиброд
  • 90 грама путер од кикирики
  • 2 банани исечени на тркалца
  • 85 грама мармалад од јагоди или некое друго овошје
Начин на подготовка:

Намачкајте четири парчиња милиброд со путер од кикирики. Врз путерот нанесете тркалца банана. Останатите четири парчиња милиброд намачкајте ги со мармалад и ставете ги врз бананата. Вака добиените сендвичи пресечете ги дијагонално и послужете ги.

Ѓевречиња со путер од кикирики

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 2 лажици природен путер од кикирики
  • 1 лажичка мед
  • 1 ѓеврек, поделен на половина по должина
  • 1 прстофат сол
  • 1 банана, исечена на тркалца
Начин на подготовка:

Измешајте ги путерот од кикирики, солта и дел од медот и со добиената смеса намачкајте ги двете половини од ѓеврекот. Врз путерот нанесете го овошјето и прелијте со остатокот од медот.

Колачиња од путер од кикирики

Вкусни ужини со путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 175 грама сенаменско брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 170 грама несолен путер
  • 250 грама шеќер
  • 120 грама природен, кремаст путер од кикирики
  • 3 јајца
  • 60 грама павлака
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • цврст фил од путер од кикирики*
  • мармалад од јагоди за декорација
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за колачиња обложете ги со хартиени калапи за печење. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и содата. Несолениот путер и шеќерот изматете ги додека не добиете мазна пенеста смеса, а потоа додадете ги кремастиот путер од кикирики и јајцата (едно по едно, миксирајќи после секое).

Намалете ја брзината. Во чинија измешајте ги павлаката и екстрактот од ванила. Во изматената смеса со путер од кикирики, наизменично додавајте ги смесата со сувите состојки, па кисело-слаткиот крем со павлака и на крај повторно завршете со сувата смеса. Добиената смеса поделете ја подеднакво во калапите за колачиња (најдобро е да се наполнат 2/3 од секој калап) и печете околу 20 минути или додека тестото не се одлепи од калапите. Испечените колачиња оставете ги да се оладат.

Оладените колачиња треба да се филуваат со цврст фил од путер од кикирики и на крајот да се декорираат со мармалад од јагоди во средината.

* За да го подготвите филот од путер од кикирики, потребно ви е:

  • 180 грама крем-сир
  • 40 грама шеќер во прав
  • 1/2 лажичка сол
  • 180 грама кремаст путер од кикирики, неприроден
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 115 грама шлаг

Измешајте ги крем-сирот и шеќерот и матете со миксер на средна брзина. Додадете ги солта, путерот од кикирики и на крајот ванилата. Матете го шлагот додека да се измасни и потоа смешајте го со другата смеса. Користете го веднаш или оставете го во фрижидер до 2 дена, во овој случај, пред употреба задолжително оставете го на собна температура и изматете го на слаба брзина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. edna Reply

    Одлично… и звучи вкусно… ама и многу калорично 😀

Остави коментар