Вкусни мини ужини што нема да ви донесат ниту еден килограм плус

Во моментите кога ни е најважно да бидеме фит, спремни сме да се откажеме од сите слатки и солени задоволства. Но, што ќе се случи кога гладот ќе нè прилепи на ѕид или пак, главата нема да може да ја добие битката со празниот стомак? Сигурно се запрашувате што можете да изедете помеѓу оброците, а да не наштети на вашиот диетален режим на исхрана? Еве идеални мини ужини кои ќе ви го впијат гладот во деновите кога сте ѝ објавиле војна на храната и сте одлучиле да ослабете.

1-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_

1. Половина банана потопена во топло, темно чоколадо. Уживајте!

2. 100 грама грозје.

3. 230 милилитри јогурт со мед и малку цимет.

4. Еден портокал.

5. 2-3 тркалца ананас од конзерва или свеж.

6. 100 грама од кои било шумски плодови (јагоди, малини, боровинки) со 2 лажички шлаг.

7. 4 суви смокви.

8. Една табла црно чоколадо (за готвење).

2-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_

9. Една чаша (не преполна) чоколадно млеко.

10. 100 грама јагоди и малини прелиена со засладен сок од портокал.

11. Мала чинија пудинг од чоколада.

12. 5 поголеми јагоди прелиени со 2 коцки стопено чоколадо.

13. Безалкохолен коктел од тропски овошја: Во чаша измешајте сомелен лед, сок од ананас, сок од јаболко и сок од портокал.

14. Банана шејк: Наполнете половина од чашата со ситно исечкани и згмечени банани, четвртина јогурт, и додадете малку сомелен лед. Мешајте додека не се претвори во мазна смеса.

15. Печено јаболко: Јаболкото наполнете го со лажичка кафеав шеќер и цимет, а потоа испечете го.

16. 50 грама житарки и 120 милилитри млеко.

3-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_

17. 5 слатки крекери и 120 милилитри топло млеко.

18. Кафе со млеко.

19. 10 желе бонбони.

20. 25 ф’стаци.

21. 5 солени крекери и 5 многу тенки парчиња кашкавал.

22. Варено јајце и пола парче интегрален леб.

23. 1 помал сад пуканки.

24. Салата од туна: Измешајте 115 грама туна од конзерва, додајте класично кари, лажичка ситно сечкан кромид и малку целер.

25. Грчка салата: Исечкајте еден домат на коцки, додајте 2 лажички исечкано фета сирење и полијте со лимонов сок.

4-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_

26. Печен компир: Сварете еден компир, премачкајте го со лажичка маслиново масло и посолете го, а потоа печете го околу 10 минути.

27. Сендвич со краставица: На пола парче леб или тост ставете 2 лажички сирење и неколку кругови краставица.

28. 8 маслинки (црни или зелени).

29. 4 многу тенки парчиња пилешко филе натопени во мешавина од сенф и мед.

30. Салата од краставица: Исечкајте една поголема краставица, додадете 2 парчиња исечкан кромид и прелијте со 2 лажички јаболков оцет.

5-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_

31. 1 мал перек (купен) и 2 лажички крем сирење.

32. Подебело парче моцарела со 2-3 шери домати.

33. Мини сендвич со шунка: Помеѓу две многу тенки парчиња леб ставете парче шунка по ваш избор, лист марула и малку сенф.

34. Половина ѓеврек.

35. 4 суви кајсии.

6-vkusno-i-zdravo-ovie-vkusni-mini-uzhini-nema-da-vi-donesat-nitu-eden-kilogram-plus-www.kafepauza.mk_


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар