Вкусна тортичка со парчиња чоколадо

Десерт за чија подготовка нема да потрошите повеќе од 6 минути. Може да го приготвите во микропечка и да го сервирате во вашата омилена шолја за кафе. Ова е вкусна тортичка во шолја која ќе ве заслади и ќе ви го направи денот поубав.

Вкусна тортичка со парчиња чоколадо

Потребни состојки:
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • Неколку капки екстракт од ванила
  • Сосем малку сол
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажичка брашно
  • 2 лажици искршени парченца чоколадо

(2) vkusna-tortichka-so-parchinja-chokolado-www.kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Во еден сад растопете го путерот, но не оставајте го да почне да врие. Потоа додајте ги шеќерот, ванилата и солта и промешајте. Додајте ја и жолчката и мешајте додека сместа не стане хомогена. Додајте го брашното, повторно промешајте, па додајте ги и парченцата чоколадо.

Смесата ставете ја во шолја и оставете да се подготви во микропечка за време од 40-60 секунди. Десертот сервирајте го додека е топол.

Добар апетит!




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. маја Reply

    екстрактот од ванила е задолжителен или може и без тоа?

    • Ели Радеска Reply

      Може да го замените со малку ванилин шеќер. Инаку не е задолжителен, се додава заради мирисот. :)

  2. Весна Пирузева Петровска Reply

    Многу е лесно да го приготвите и нај сложениот рецепт за некој егзотичен десерт на кој сите ќе му се восхитуваат.Но што вреди ако во него нема ни зрнце од вашата љубов,од вашата топлина ,од мирисот на вашите мисли од вашиот здив едноставно нема дел од ВАС.Кога приготвувате нешто ако не го почувствувате мирисот на тоа што го ставате и ако тоа не ви разбуди некое чувство,не ви ја разбуди фантазијата и полека малку по малку целото приготвување не го престри во убава рапсодија или синфонија која ќе биде најубавата музика за вашата душа тогаш тоа ќе биде исто како мртва буква на лист од хартијата на која сакате да го напишете писмото но тоа ќе остане само тука на тоа парче хартија нема да допре во душата на тој што ќе го чита.
    Внесете љубов,внесете добра мисла кога приготвувате нешто тогаш вашите раце ќе станат магични ,од нив волшебството само ќе почне да се лее и тогаш и нај едноставниот рецепт ќе стане најубавиот десерт што сте го пробале.А тој и да е ставен во обична шоља од кафе ќе ви врати со иста мера ,толку ќе ви ја разгали вашата душа како да сте јаделе торта колку злато вредна.
    Со љубов Ваша
    Вита-чи

Остави коментар