Вкусна мусака со пире и топен кашкавал

Необична вкусна мусака, која сите ќе ја обожаваат…Вкусна мусака со пире и топен кашкавалПотребни состојки за пирето:

  • 800 г компир
  • 40 г путер
  • 50 мл млеко

Потребни состојки за филот:

  • 500 г мелено месо
  • 2 главици црвен кромид
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • 100 г кашкавал
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка: Излупете ги компирите и исечете ги на коцкички. Варете ги половина час во зовриена вода. Потоа исцедете ја водата и додадете ги путерот и млекото. Посолете по вкус и убаво истолчете ги.

За филот, најпрво исечкајте го и пропржете го кромидот, а потоа додадете го меленото месо и зачините. Пржете го месото петнаесетина минути и постојано мешајте. На крајот додадете го и исечканиот магдонос.

Во една тава сипете малку масло за готвење и размачкајте го. Потоа ставете еден слој пире, одозгора сипете го месото и одозгора ставете уште еден слој од пирето. Печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови. Откако ќе ја извадите тавата од рерна изрендајте го кашкавалот одозгора.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар