Вкусете го летото: Сангрија од јагоди, ревен и розе вино

Вкусно, овошно и освежително – сангријата има сè што можеме да побараме од еден летен коктел

vkusete-go-letoto-sangrija-od-jagodi-reven-i-roze-vino-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 100 грама шеќер
  • 120 милилитри вода
  • 600 грама ревен, исчекан на ситни парчиња
  • 300 грама јагоди, исечкани на половина
  • 2 лимети, исечкани на парчиња
  • 1 шише розе вино
  • 1 шише минерална вода
  • Минерална вода
Начин на подготовка:

Направете едноставен сируп од ревен, така што ќе варите шеќер во вода додека не се растопи целосно и потоа ќе го додадете исечканиот ревен и ќе продолжите со варење од 8 до 10 минути. Тргнете го коренот од водата и оставете го сирупот целосно да се олади.

Додајте ги јагодите и лиметите во голем сад, па сипете го сирупот од ревен заедно со розе виното. Оставете ги да се оладат околу 4 часа, а потоа сипете си чаша од овој одличен летен пијалак и додајте малку минерална вода.

Погледнете го и овој рецепт за бела сангрија!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар