Вкусен вегетаријански сендвич со сирење

За брз, вкусен начин за почеток на денот

Вкусен вегетаријански сендвич со сирење

Потребни состојки:
  • Тенко сечени парчиња леб
  • 2 кромида
  • 2 домати
  • 1 варен компир
  • 2 мали зелени пиперки
  • Свежо исечкан коријандер
  • Рендано сирење
  • Сол и чили
  • Путер
Начин на подготовка:

Исечкајте ги ситно сите зеленчуци. Додајте го коријандерот, а потоа и ренданото сирење, солта и чилито според ваш вкус.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Во меѓувреме, намасленете ја едната страна на лепчето за секој сендвич со путер и потоа распоредете го претходно подготвениот микс. Смесата е доволна за 2-4 сендвичи, зависно од големината на лепчињата и зависно колку сакате да бидат богати со мастраф. Подмачкајте го тавчето во кое ќе ги печете сендвичите со путер и поставете ги во него. Печете додека кората да добие златесто-кафена боја, а потоа сменете ја страната и печете уште толку. Јадете ги топли со кечап.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар