Вкусен колач со банани

Неодолив десерт кој брзо се подготвува

Вкусен колач со банани

Потребни состојки:
За колачот:
  • 260 грама брашно
  • прашок за печиво
  • 1 кафена лажичка цимет
  • ½ кафена лажичка сол
  • 120 грама несолен путер
  • 200 грама шеќер
  • 110 грама кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 2 големи (или 3 средни) испасирани банани
  • 115 грама полномасна кисела павлака
За глазура:
  • 170 грама крем сирење, на собна температура
  • 60 грама несолен путер, на собна температура
  • 260 грама шеќер во прав
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 1 кафена лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, циметот и солта.

2. Во друг сад со миксер измешајте ги путерот и шеќерот. Додајте ги и јајцата едно по едно. На крај додадете ги испасираните банани и екстрактот од ванила.

3. Во вториот сад додајте половина од смесата со брашно и продолжете да мешате. Потоа измешајте со павлаката, па на крај додадете ја и втората половина од смесата со брашно од првиот сад.

4. Намачкајте го тавчето за печење со путер, истурете ја целата смеса и печете на загреаната рерна 20 минути. Треба да стане кафеаво и меко. Почекајте целосно да се излади пред да го додадете преливот.

5. Потоа направете прелив мешајќи ги со миксер состојките наменети за тоа. Ако ви е премногу густ, додадете му две супени лажици вода додека мешате. Потоа нанесете го врз изладениот колач, исечете го на парчиња и сервирајте.

Вкусен колач со банани


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар