Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана

Превкусен појадок за совршен почеток на денот…Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и бананаПотребни состојки:

  • путер од кикирики
  • џем од јагоди
  • 1 банана
  • 2 лепчиња

Начин на подготовка:

На едното лепче намачкајте путер од кикирики, а на другото џем од јагоди. Бананата исечете ја на тенки парчиња во должина и наредете ја помеѓу двете парчиња леб.Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана Сендвичот  потпечете го малку од двете страни на тостер или на тава. Потоа исечете го на четири триаголници, а послужете го со парчиња портокал. Одличен е за појадок во комбинација со шолја кафе или чаша сок од цедено овошје.
Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и бананаВкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар