Вкусен киндер колач

Прекрасен лесен десерт, кој одлично ќе се вклопи во вашиот неделен ручек

Вкусен киндер колач

Потребни состојки за пандишпан:
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 1/3 лажиче прашок за печиво
Потребни состојки за филот:
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • ½ кесичка желатин
  • 4 лажици вода
Начин на подготовка:

1. Најпрво заедно сматете ги со миксер жолчките од јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.

2. Брашното, какаото и прашокот за печиво промешајте ги и додадете ги во смесата со жолчките.

3. Белките од јајцата посебно изматете ги, а потоа мешајќи пополека со лажица додадете ги во смесата со другите состојки.

4. Плехот за печење обложете го со хартија и оставете го пандишпанот да се испече 15 минути на 180 Целзиусови степени.

5. Откако пандишпанот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа преполовете го.

6. Слатката павлака, која мора да биде ладна, изматете ја како шлаг и во неа додадете го медот.

7. Желатинот измешајте го со 4 лажици вода, а потоа ставете го на оган да почне да врие. Откако ќе почне да врие додадете го во садот со слатката павлака и матете ги уште една минута.

8. Добиениот фил намачкајте го помеѓу двете половини од пандишпанот. Од колачот исечете коцки и уживајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар