Вкусен и освежувачки десерт: Пита со вишни

Вкусен и освежувачки десерт: Пита со вишни

Питата од вишни е идеален летен десерт. Затоа денес ви откриваме едноставен рецепт за освежувачка пита со која ќе можете да ги израдувате вашите најблиски.

1-vkusen-i-osvezhuvachki-desert-tart-so-vishni-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки

За кората:

  • 300 грама брашно
  • 1/2 рамна лажичка сол
  • 150 грама путер, оладен
  • 100 грама шеќер во прав
  • 1 помало јајце

За кремот:

  • 250 милилитри млеко
  • 2 жолчки
  • 40 грама густин (или една кесичка пудинг од ванила, доколку ви е полесно)
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 100 грама шеќер
  • 50 грама растопен путер

За овошниот слој:

  • 300 грама исчистени вишни
  • 100 грама шеќер
  • 5 грама желатин (половина кесичка)

2-vkusen-i-osvezhuvachki-desert-tart-so-vishni-www.kafepauza.mk_

Начин на подготовка:

1. Најпрво подгответе ги вишните. Замрзнатите или свежо исчистените вишни измешајте ги со 100 грама шеќер. Ако се свежи и поголеми, згмечете ги со лажица. Загрејте ги до вриење, и оставете ги да пуштат сок.

2. Подготовка на тестото: Во сад за мешање измешајте ги брашното и солта, додајте го путерот исечен на мали коцки, па со прстите измешајте ги заедно со брашното, за целата смеса да стане соединета. Додајте го шеќерот во прав и јајцето кое претходно благо ќе го измешате со виљушка. Формирајте компактно тесто без многу мешање, најпрво со лажица, а потоа со раце.

Тестото обликувајте го во топка, ставете го во кеса и притиснете го за да добиете подебел диск. Оставете го во фрижидер во рок од еден час.

3. Подготовка на филот: Во еден сад со жица измешајте ги двете жолчки, 50 милилитри млеко и густинот. Во друг сад загрејте 200 милилитри млеко со 100 грама шеќер и 3 кесички ванилин шеќер, до вриење. Сипете ги во првиот сад, а потоа ставете го на тивок оган и постојано мешајте ги со лажица додека не започне стегањето, па уште минута или две. Површината на филот обложете ја со фолија за да не се создаде кора. Оставете да се олади.

4. Довршете ја кората: Изладеното тесто од фрижидерот префрлете го на лист хартија за печење и размесете го во круг со пречник доволен за да го покрие дното и рабовите на калап од 25 сантиметри. Со помош на хартијата пренесете го тестото на тавата, втиснете го убаво за рабовите и полека тргнете ја хартијата. Евентуалните вишоци кои ги преминуваат рабовите на калапот пресечете ги со нож. Тестото боцнете го со виљушка, и печете го околу 20-25 минути на 180°C.

5. Довршете го филот: Смесата која се изладила на собна температура, или е малку млака, право разматете ја со миксер, па додајте го омекнатиот путер и измешајте ја за да се соедини и кремот да стане мазен.

6. Филување: Испечената кора ставете ја во чинија. Филувајте ја кората и израмнете го филот колку што е можно повеќе. Желатинот (5 грама) сипете го во помал сад, прелијте го со две супени лажици ладна вода и оставете го неколку минути да набабри. Потоа загрејте го на тивок оган за да стане течен и да се истопат сите зрнца. Ставете го растопениот желатин во вишните, кои досега веќе добро пуштиле сок.

Доколку сте љубител на вишните, ви предлагаме да го подготвите и овој вкусен чоколаден колач со вишни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар