Вкусен чоколаден колач со банани кој не се пече

Оригинален десерт кој ќе им се допадне дури и на оние кои многу пребираат

Вкусен чоколаден колач со банани кој не се пече

Потребни состојки:
  • 2 големи зрели банани
  • 100 грама крупно исечкани ореви
  • 60 грама какао во прав
  • 100 грама омекнат путер (може и кокосов)
  • 4 лажици мед
  • 1/2 лажичка цимет
  • Прстофат сол
  • Ванилин шеќер
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во еден сад, а потоа матете со миксер сè додека не добиете мазна смеса. Поставете хартија за печење во четириаголен сад и потоа префрлете ја смесата таму. Израмнете ја, покријте ја и ставете ја во замрзнувач на околу половина час. Ако сакате, можете декоративно да додадете исечкани банани и на врвот на колачот. Добар апетит.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Marina Reply

    Нешто рецептов не ви е погоден О.о Го пробав вчера ама не испадна , не е колач, излегува ЕДНО КОЛАЧЕ 😀

Остави коментар