Вистински пријател

Вистински пријател

Автор: Ана

Сите посакуваме да бидеме сакани, да имаме пријател покрај себе кој ќе не сака и штити и покрај сè, ќе се радува на нашето присуство, ќе  се радува на нашата внатрешна убавина, нема да ни суди…

Човековиот најдобар пријател, кучето. Велат нема никогаш да ве остави на цедило. Вашата личност е неговиот водач, вашите зборови – неговата книга, неговите дела – вашата награда…Вистински пријателПрекрасно е, кога ќе влезете во вашиот дом и ќе ве пречека најмилиот член на семејството, ќе ви подари насмевка вртејќи ја својата опашка, изразувајќи ви неизмерна љубов без да морате да направите било што. Неговите потскокнувања и зраци на радост кои продираат до вас, во тие моменти ви го прават денот чист и вреден и покрај неубавите работи што можеби се случиле.

Пријателството помеѓу човекот и кучето се гради со години, трае со години. Меѓусебната почит помеѓу двајцата се ткае со спомени кои се вселени во мислите и живеат во срцето.

Кучето освен што се смета за човековиот најдобар пријател, тоа е и неговиот најдобар помошник. Пријателите помагаат. Само колку пати вашето куче ви помогнало? Ви било рамо за плачење, ве гледало во очи додека сте му ја кажувале вашата најголема тајна, се радувало со вас кога сте имале повод за славење, ви помогнало со некоја работа низ дома? На крајот никогаш не ве изневерило.
.

Конард  Лоренс рекол:
„Нема ниедна судбина која не била прекршена освен онаа на вистински верно и посветено куче.“

Остаруваме заедно, се случило и да летне по некоја искра на лутина, но признајте дека откако неговите очи ќе ве погалат, се заминува, избледува и единствено што сакате е да го гушнете вашиот најдобар пријател… Исто како и ние луѓето, и кучињата имаат начини на изразување, без разлика дали се работи за мислење или пак чувство. Ја имам честа да имам пријател, таков  кој ако ве сака, вашите чевли ќе ги однесе на неговото место во домот… Гледајте ги гестовите што ги прави вашиот миленик, секогаш има нешто да ви каже.

Сè што ви значи вам во текот на денот, сè што ве радува, да не заборавиме го радува и вашиот миленик… Тој ја поздравува со насмевка, вашата насмевка, ја поздравува со радост вашата благодарност, ја поздравува со почит, почитта што му ја давате, ви возвраќа на грижата која му ја подарувате… Му верува на вашиот збор и е единствениот кој ве слуша. Лошо е и неправедно ако сето ова кој било го искористува на лош начин. И уште потажно ако го напушти. Никогаш не заборавајте, кучето чувствува повеќе од вас, помни работи кои вам ќе ви излетаат од мислите, помни чувства!

Она што сакам да го споделам со вас е, ако го имате, сакајте го и чувајте го затоа што е вашето најголемо богатство, ако го немате, најдете некое на кое ќе му го промените животот, но и тоа вам ќе ви го разубави вашиот!

Ќе завршам со една мисла на Самуел Батлер, кој вели:
.

„Најголемото задоволство кај кучето е дека – ако направиш будала од самиот себе, не само што нема да ви суди, туку и тоа ќе го направи истото.“

Тоа е вистински пријател!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Marka Reply

    Spored stilot so koj gi pisuvas kolumnite ti si eden mnogu dobar lik koj e dobro da go ima covek vo okolina. Pozz i complimenti 🙂

Напиши одговор на Marka Откажи одговор