Вистинска љубов е кога мотивирате некого да стане подобар, без да го форсирате да се промени

Во денешно време, тешко е да се најде вистинска љубов. Сите се обидуваат да ги „поправат“ своите партнери, наместо да ги прифатат такви какви што се. Вистинската љубов не е секогаш исполнета со убави и среќни моменти. Понекогаш знае да биде многу тешка и напорна. Таа подразбира прифаќање на партнерот не само во даден момент, туку во текот на целиот живот без разлика на тоа низ какви потешкотии минувате.

Вистинска љубов е кога мотивирате некого да стане подобар, без да го форсирате да се промени

Не можеме да очекуваме од некого да се промени. Ако вашите партнери не се такви какви што сакате да бидат денес, нема да бидат такви какви што сакате ни утре. Не можете да сакате некого и да очекувате од него да се прилагоди на вашата замисла за идеален партнер. Љубовта не функционира на таков начин.

Честопати не можеме да ја препознаеме разликата помеѓу вистинската и лажната љубов. Сите можеме да го мотивираме нашиот партнер да стане подобар, без да го форсираме да прави нешто што не сака. Постои една тенка граница што не смее да се премине. Најдобрите врски се полни со граници што секогаш се почитуваат.

Вистинската љубов не е себична. Треба да прифатите дека никој не е совршен и да го сакате партнерот и покрај сите негови недостатоци. Обајцата партнери треба да растат во врската и да се поддржуваат меѓусебно. Тоа е дефиницијата за партнер, некој кој е секогаш покрај вас и во добро и во лошо. Некој кој вложува во врската исто толку колку што вложувате и вие.

Вистинска љубов е кога мотивирате некого да стане подобар, без да го форсирате да се промени

Не треба да се менувате за некој друг, туку треба да се менувате за себе. Ако сте во врска каде што партнерот ве сака само поради одредени работи, тогаш најдобро би било да прекинете. Вистинската љубов подразбира неизмерна слобода и удобност. Сите имаме свои рани, сите знаеме како е да се биде одбиен, сите сме луѓе. Никој не е совршен. Не постои принц на бел коњ и не постојат совршени домаќинки, љубовници и дами. Ако се прашувате дали љубовта помеѓу вас и вашиот партнер е вистинска, прочитајте ги следниве знаци кои ќе ви ги уништат сите сомнежи…

  • Се поддржувате меѓусебно.
  • Се грижите еден за друг.
  • Не се обидувате да се „поправите“ меѓусебно.
  • Имате слични животни цели и вредности.
  • Добро се сложувате.
  • Убаво комуницирате.
  • Не се игнорирате.
  • Ги прифаќате вашите маани.
  • Не чувствувате дека нешто ви недостасува.

Ако имате човек во животот кого го сакате со целото ваше срце и не би го промениле за ништо на светот, тоа значи дека сте нашле навистина посебна личност. Многу луѓе го поминуваат целиот нивен живот барајќи вистинска љубов, но никогаш не успеваат да ја најдат. Доколку вие сте дел од ретките среќници, чувајте се со партнерот и не дозволувајте малите проблеми да ви ја уништат врската. Но, доколку сѐ уште сте во потрага по љубов, веднаш застанете. Дозволете ѝ на љубовта да ве најде вас. Таа се појавува на најнеочекуваните места и во најнеочекуваното време.

Во продолжение, прочитајте зошто чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар