Вистината зад најраспространетата заблуда за појадокот што многумина ќе ги развесели

Појадокот е најважниот оброк во денот, нешто што не смее да биде прескокнувано кај децата и младите бидејќи нивниот организам е во развој и потребна им е храна, како и енергија во утринските часови. Но, кога станува збор за возрасните, правилата се малку поинакви.

Вистината зад најраспространетата заблуда за појадокот што многумина ќе развесели

Од мали нè учеле дека не смееме да го прескокнуваме оброкот, но тоа е вистина само за децата, младите, дијабетичарите и други личности што имаат посебни прехранбени навики. Кога станува збор за здрави возрасни индивидуи, чија цел е да ослабат, правилото не важи и појадокот станува опционен, можеби дури и тотално непотребен.

Ако имате вишок килограми, немате никакви болести и наутро не сте гладни, не треба да појадувате само затоа што мислите дека морате. Доволно е да каснете една овошка или да сипете чаша свежо исцеден сок и да го започнете денот како и секој претходно.

Најважното правило за оние што сакаат да ослабат е дека треба да јадат само во оние периоди од денот кога чувствуваат глад. Секако, тоа треба да се ограничи на најмногу 2 часа пред спиење, за да ѝ овозможите доволно време на храната да се распореди низ вашиот организам.

Па, доколку се обидувате да изгубите вишок килограми, појадокот не треба да ви биде најважното нешто на листата со приоритети. Сепак, ако сè уште не сте убедени дека тој не е најважниот оброк во денот, погрижете се вашиот избор да биде здрав и погледнете ги овие оригинални предлози за здрав појадок.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар