Вистината за животот и страдањето

Кога поминувате низ тежок период во вашиот живот, неретко ќе ја слушате изјавата: „Да, ќе страдате. Тоа е животот.“ Но тоа што никој не ви кажува е дека исто така ќе ја доживеете и најголемата радост. Ќе доживеете раѓања и умирања на најголемите љубови. Ќе растете и ќе учите прекрасни лекции за вашата човечност како што ќе се движите напред. Ќе ги доживеете сезоните во целата нивна слава.

Вистината за животот и страдањето

Кога одите покрај океанот што се удира во вашите нозе, на топол летен ден, додека песокот ве скокотка одоздола, ќе почувствувате спокој каков што не сте знаеле ни дека може да постои. Сонцето може да ве стопли и за време на најсуровите зими, под многуте слоеви дебела облека. А дождот што се удира на вашиот прозорец ќе ви пее приспивна песна сѐ додека не потонете во длабок сон.

Едно утро ќе се разбудите во прегратката на саканите што ви значат повеќе од сѐ на овој свет. И ќе ги искусите најголемите постигнувања што еден човек може да ги оствари. Можеби ќе држите и син или ќерка, или бебе на вашите сестра или брат и ќе сфатите колку е бесценет животот. Ќе ја чувствувате љубовта на родителите за прв пат и конечно ќе сфатите колку тие ве сакаат.

Ќе има и моменти кога ќе бидете вистински скршени. Но ќе има и моменти кога душата ќе ви сјае со радост и среќа, толку многу што дури и универзумот ќе ви се смее. Да, вие ќе страдате – има вистина во оваа изјава. Но исто така и ќе можете да бидете посреќни одошто некогаш сте мислеле. И токму тоа ќе го направи целото страдање, барем на момент, вредно.

Кога поминувате низ тежок период во вашиот живот, токму ова треба да го слушате од другите, бидејќи балансот помеѓу екстремната тага и екстремната среќа е тоа што нѐ прави прекрасни луѓе. И тоа е најдобриот подарок што можете да го добиете.

Прочитајте го ова ако животот ви изгледа како бескрајна борба!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар