Викторија Бекам советува: Победете ги мозолчињата со помош на овој прехранбен производ

Викторија Бекам советува: Победете ги мозолчињата со помош на овој прехранбен производ

Кога ќе го погледнете лицето на Викторија Бекам денес, тешко ќе ви биде да си замислите дека популарната британска модна креаторка долго време се борела против мозолчињата и акните. Сигурно многумина ги интересира во што се крие нејзината тајна, и за среќа Викторија Бекам отворено зборува за сите нејзини трикови и третмани за убавина.

Викторија Бекам советува: Победете ги мозолчињата со помош на овој прехранбен производ

„Постојат два вида жени: Оние кои дознаваат фантастичен совет за убавина и го задржуваат за себе и оние кои веднаш сакаат да го споделат со сите. Сум работела со најдобрите шминкери, фризери и стилисти и имам многу научено. Никогаш не сум погодила сѐ од прва, но секогаш сум учела од грешките и сега моето знаење сакам да го споделам со светот“, изјавила Викторија.

Таа никогаш не криела дека долго време имала сериозен проблем со кожата на лицето и водела борба против мозолчињата и акните. Сега Викторија решила да ја открие тајната и да им помогне на сите кои се соочуваат со истиот проблем.

Викторија Бекам советува: Победете ги мозолчињата со помош на овој прехранбен производ

„Кога сум во Лос Анџелес секогаш го посетувам дерматологот Харолд Ланцер. Тој е неверојатен. Го познавам со години и само тој успеа да ја излечи мојата кожа. Имав проблематична кожа и тој ми кажа дека секој ден морам да јадам лосос. Го прашав дали баш секој ден морам да го јадам тоа и тој ми одговори: ’Да, појадок, ручек или вечера, ама мораш да јадеш лосос секој ден’“, објаснува Викторија и признава дека нејзиниот беспрекорен тен се должи на лососот кој е неминовен дел од нејзината секојдневна исхрана.

Науката може да потврди дека оваа риба е добра за кожата. Имено, лососот е полн со омега-3 масни киселини, витамини А и Ц, а комбинацијата од сите три заедно има антивоспалително дејство, ја хидратизира кожата и ја спречува појавата на акни и мозолчиња.

Доколку и вие се соочувате со истиот проблем, побарајте некој брз рецепт за ручек со лосос и внесете ја оваа промена во вашата исхрана уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар