Викенд диета – рамен стомак за само 2 дена

Ако си мачите мака со 2-3 килограми вишок, викенд диетата е вистинското нешто за вас. За време на викендот, кога сте послободни, можете да обрнете внимание на тоа што јадете и на тој начин да го израмните стомакот и да симнете 2-3 килограми.

(1) vikend-dieta-ramen-stomak-za-samo-2-dena-kafepauza.mk

Викенд диетите се стресни за организмот, па се препорачуваат само за здравите луѓе. Немојте да бидете престроги кон себе и не помислувајте да ја продолжите диетата, бидејќи така може да си го нарушите здравјето.

Диетата почнува во сабота наутро и завршува во недела навечер. Девојките обично ја користат пред некој важен настан во нивниот живот, кога сакаат сите да ја забележат нивната витка става и рамен стомак.

Сабота:

Појадок: Нискокалоричен јогурт (со ниско ниво на масленост) и свежо сезонско овошје.
Ручек: Варена риба со лимонов сок и маслиново масло, зелена салата со истите додатоци и двопек од интегрално брашно.
Вечера: Нискокалоричен јогурт и варени тиквички, но може и друг варен зеленчук.

Недела:

Појадок: 1 шолја чај од нане, без шеќер, 1 интегрален двопек, 1 парченце прашка шунка.
Ручек: Варена боранија зачинета со лук и сок од лимон.
Ужина: 250 грама сезонско овошје, но не банани.
Вечера: 1 интегрален двопек, зелена салата, 1 шолја час без шеќер.

Викенд диетата го прочистува организмот за 2 дена. Со ваква детоксикација ќе извадите многу наталожени штетни материи од вашиот организам и ќе симнете 2-3 килограми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар