Вие не сте вистински пар пред да ги преживеете овие минијатурни кошмари

Кога поминувате повеќе време со партнерот или партнерката, ќе се соочите со многу ситуации. Некои од нив се вообичаени и нормални, додека пак некои може да бидат незгодни и да ви предизвикаат непријатност. Еве дел од тие мали кошмари кои се искусуваат во секоја врска, но и кои истовремено покажуваат дека вие сте станале вистински љубовен пар.

Незгодни ситуации кои ги доживува секоја љубовна врска

1. Кога гледате во телефонот на вашиот дечко или вашата девојка, па во тој момент тој/таа ќе прими нотификација или порака од бившата/бившиот или пак од некоја личност што не ви се допаѓа, па веднаш се разлутувате, дури и пораката да била безначајна.

2. Кога ќе почнете да се карате, па по одредено време ќе сфатите дека сето тоа било целосно недоразбирање, а вие сте си ја потрошиле енергијата на неважни работи.

3. Кога здивот на едниот од вас не му мириса пријатно, а во близина немате четка за заби, па морате да се привикнете при бакнувањето.

4. Кога и двајцата сте во различно расположение и никој не може да му се придружи на другиот, па престојувате во различни светови сѐ додека едниот не попушти.

5. Кога едниот го убедува другиот да гледате некој филм, кој пак има ужасен крај.

6. Кога сте го убедиле партнерот да посетите нов ресторан, а потоа ќе сфатите дека храната воопшто не е добра, па тој или таа ќе ве обвинува зошто не си отидовте на вообичаените места.

7. Кога и двајцата сте премногу уморни за да имате секс, но сепак ќе го направите тоа и на крај ќе сфатите дека не било баш добра идеја.

Незгодни ситуации кои ги доживува секоја љубовна врска

8. Кога едниот партнер заборава дека нешто требало да биде чувано во тајност, па го открива тоа пред целото семејство.

9. Кога некој ‘рчи премногу гласно при што на средина на ноќта го буди својот партнер.

10. Кога едниот од вас се чувствува секси и полно со самодоверба, а другиот не е толку задоволен со својот изглед, ниту пак е расположен да направи нешто за да го смени тоа.

11. Кога имате различни сеќавања за тоа како се случил некој настан, па се прашувате кој од вас е полуд.

12. Кога едниот од вас се согласува да оди на настан само како придружник на другиот, а притоа воопшто не е заинтересиран за случувањата.

13. Кога едниот кажува шега, а другиот не е во такво расположение, но мора да слуша во секој случај.

14. Кога едниот од вас толку многу ќе го засмрди тоалетот по употреба, што другиот нема да може да дише внатре.

15. Кога еден од вас ќе вети дека ќе купи нешто по пат кон дома, особено кога станува збор за нешто важно, како на пример вино, но сосема заборава да го стори тоа.

16. Кога едниот ќе го засрами другиот без притоа да биде свесен за тоа, па подоцна ќе настане расправија што ќе направи да се чувствувате многу непријатно.

17. Кога тој или таа е расположен/а за авантуристички секс, а другиот сака односот да заврши набрзина.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар