Видови стрес и како тие влијаат на успешните жени

Бидејќи се премногу зафатени на сите полиња, успешните жени имаат многу работи на ум. Вашата способност за организација ви помага во водење на вашиот бизнис, во брзо совладување на сите предизвици и во одржување на вашето семејство, но истовремено сите овие функции ве изложуваат и на негативен стрес. Зошто?

Често се стремите кон совршенство, независни сте, фокусирани и одговорни, но имате тенденција и да ги запоставувате вашите потреби. И секако, многу ретко „успорувате“, што значи вашата енергија често работи на „резерва“. Доколку се пронаоѓате во овие карактеристики, можеби е време за одмор, бидејќи сте многу блиску до целосно „согорување“.Видови стрес и како тие влијаат на успешните жениОдредени насоки од медицината и психологијата пробуваат да најдат начин при дефинирање на различните видови стрес и успешно справување со нив. Дирк Хелхамер, Стефани Мекклелан и Бет Хамилтон идентификувале 4 видови стрес кои ги напаѓаат успешните жени:

Од 1 до 60 – Вие воглавно сте смирени, но кога ќе се појави стресот имате огромна реакција. Многу сте чувствителни на стрес.

Набљудувачи на животот – Ова е најреткиот вид стрес кој се манифестира преку екстремно чувство дека се наоѓате во „балон“ гледајќи го животот како поминува покрај вас.

Константно преоптоварување – Вие имате проблеми со седењето мирни, постојано тапкате со нозете или рацете и често ги притискате забите едни од други.

Замавнување и рушење – Стресот ви помага да сте фокусирани и да продолжите со успешноста во работата, но кога ќе се намали или ќе го снема целосно, вие се „срушувате“.

Откако ќе го препознаете вашиот вид стрес, треба да преземете неколку чекори со кои ќе го доведете до рамнотежа и ќе ја вратите нормалната функција на вашето тело. Доколку забележувате повеќе симптоми во различни категории на стрес – издвојте ја најдоминантната и фокусирајте се на неа. За многу брзо време ќе почувствувате голема промена во вашето расположение која ќе ви помогне за уште поголем успех на сите полиња.Видови стрес и како тие влијаат на успешните жени

Од 1 до 60

Вашето тело создава многу мали количества кортизол. Ова влијае на вашето спиење и на нивото на вашата енергија. Ниско ниво на кортизол резултира со преактивен одговор на имунитетот кој напаѓа одредени делови од телото и предизвикува болка и воспаление.

  • Како резултат на хроничната болка и воспалението, можеби нема да се чувствувате способни за вежбање, но сепак тоа може многу да ви помогне. Започнете со поедноставни вежби кои полека ќе ги прилагодувате според вашата кондиција.
  • Секојдневно правете вежби за истегнување за да ги одржувате мускулите пофлексибилни.
  • Одете на масажа барем еднаш неделно.

Видови стрес и како тие влијаат на успешните жени

Набљудувачи на животот

Овој најредок вид стрес, може да ви предизвика екстремен дисбаланс на телото. Многу ви е тешко да направите промена во вашиот живот, а кога сте под стрес знаете да се повлечете во себе.

  • Почнете со многу кратки дневни вежби.
  • Водете дневник со кој ќе можете да ги следите вашите промени на емоционално и физичко ниво.
  • Зголемете ја вашата доза на позитивни емоции така што ќе запишувате 3 добри работи што ви се случиле во текот на денот и зашто се тие важни за вас.

Видови стрес и како тие влијаат на успешните жени

Константно преоптоварување

Вие често сте анксиозни, многу ви е тешко да се опуштите, имате проблеми со спиењето и сте директни и детални при комуникацијата. Знаете да бидете многу емоционални, дури и избувливи. Стресот постојано ви „работи“ во позадина и поради тоа го преоптоварува целиот ваш систем.

  • Имате нервозна енергија која мора да ја согорите и најдобар начин е физички да се изморите. Вежбајте постојано за да го подобрите вашето расположение и да се заштитите од негативните ефекти кои стресот може да ги има врз вашиот мозок.
  • Ошуштете ги вашите мускули со пилатес, јога или длабоко дишење.
  • Постојано носете тетратка со вас во која ќе ги запишувате сите загрижувачки мисли, на тој начин ќе го ослободите мозокот од грижење.
  • Намалете со кофеинот – веќе имате премногу вишок енергија!

Видови стрес и како тие влијаат на успешните жени

Замавнување и рушење

Жените со оваа категорија на стрес постојано се туркаат себеси и не запираат сè додека не се „срушат“. Вашиот нервен систем не можејќи да го издржи повеќе темпото се исклучува. Во таа фаза вие се чувствувате преморени и истрошени.

  • Кога одите на одмор, потребни ви се неколку дена повеќе за да закрепнете. Додека другите сакаат да шетаат и истражуваат, на вас ви е потребно одморање сè додека не се поврати рамнотежата на телото. Многу често се случува и разболување поради намалениот имунитет.
  • Во оваа фаза, бидејќи на вашето тело му е потребен одмор, не се препорачуваат никакви физички вежби.
  • Високо ниво на кортизол го пореметува вашиот имун систем. Пијте многу витамин Ц кој ќе ви помогне со регулирање на кортизолот.

Видови стрес и како тие влијаат на успешните жениВие сте му многу потребни на светот – силна, талентирана жена која е способна за управување на притисокот кој доаѓа со успешната кариера. Идентификувањето и контролирањето на вашиот хроничен стрес ќе ви помогне, не само во успешноста, туку и во подобрувањето на вашиот начин на живот. Грижете се за здравјето – бидејќи нема ништо поважно од него!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар