Ви треба десерт во последен момент? Направете ја оваа генијална торта од сладолед!

Ви треба десерт во последен момент? Направете ја оваа генијална торта од сладолед!

Пролетното време (конечно) носи многу повеќе поводи за спонтани собиранки со пријателите за време на викендите. Ако имате куќа со двор или голема тераса, веројатно вашиот дом е најчестата дестинација за собирање во топлиот период од годината.

vi-treba-desert-vo-posleden-moment-napravete-ja-ovaa-genijalna-torta-od-sladoled-kafepauza.mk

Ако немате време да подготвите десерт, а очекувате гости, оваа едноставна торта ќе биде одлична опција за послужување.

Потребни состојки:
  • 9 сладоледи во вид на сендвич
  • Течно чоколадо и/или карамел-сос
  • Шлаг
Начин на подготовка:

Наредете 3 сладоледи еден до друг, а останатите одозгора, на три ката. Помеѓу секој ред, ставајте од чоколадото или карамел-сосот, а одозгора премачкајте со шлаг и декорирајте со чоколадо и карамел-сос.

2-vi-treba-desert-vo-posleden-moment-napravete-ja-ovaa-genijalna-torta-od-sladoled-kafepauza.mk

Нека уживаат гостите во вашата торта! Никој нема да знае колку време сте потрошиле за да ја направите. 😉

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар