Вежби за истегнување со детални насоки што ќе ви покажат на кои мускули делувате

Истегнувањето не е важно само за спортистите, тоа е многу важно и за луѓето кои седат поголемиот дел од денот. Овие едноставни вежби се составени од еден шпански фитнес тренер и нивната цел е да го одржи вашето тело во форма, но и да ви покаже кои мускули ги работите со секоја вежба. Не заборавајте да дишете нормално и да не чувствувате болка. Секоја позиција држете ја од 10 до 30 секунди.

1. Истегнување на предните мускули на вратот

(1)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Стерноклеидомастоиден мускул

Изведба: Ставете ги рацете на колковите, исправете го грбот и внимателно навалете ја главата наназад. Ако сакате истегнувањето да биде уште подлабоко, ставете ги дланките на челото и внимателно туркајте назад.

2. Истегнување на страничните мускули на вратот

(2)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Стерноклеидомастоиден мускул и горен трапезест мускул

Изведба: Седнете, исправете го грбот и со помош на левата рака навалете ја главата кон левата страна. Обидете се да го допрете рамото со вашето уво. Повторете ја вежбата на другата страна.

3. Детска поза

(3)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Најширок грбен мускул

Изведба: Застанете на сите 4 и бавно спуштајте ги колковите наназад. Обидете се да го допрете подот со вашето чело.

4. Камила

(4)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Стомачни и надворешни коси стомачни

Изведба: Седнете на вашите пети, ставете ги дланките зад грб и туркајте ги колковите нагоре и напред.

5. Истегнување на пекторални мускули

(5)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Пекторални мускули

Изведба: Застанете исправено со лицето кон ѕидот. Ставете ја дланката на ѕидот и бавно свртете се на спротивната страна. Повторете со другата рака.

6. Истегнување на карлицата

(6)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Адуктор и тетиви

Изведба: Седнете на подот и раширете ги нозете. Немојте да ги виткате колената, а нозете нека ви останат на подот. Наведнете се напред лизгајќи се со рацете, и исправете се на истиот начин.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар