Вежбаме со Јасна Лековска: Како најлесно да се вратите во форма по породувањето?

Јасна Лековска е главниот лидер на една од најголемите фитнес армии во нашата земја, позната како Тринити. Но, Јасна е многу повеќе од инструкторка по пилатес. Таа за деловниот свет е адвокатка, за нејзините вежбачки – главен мотиватор, за следбениците на социјалните мрежи – најголема инспирација, а за најблиските – прекрасна мајка.

Вежбаме со Јасна Лековска: Како најлесно да се вратите во форма по породувањето?

Здравиот изглед и извонредната линија на Јасна се неоспорни и очигледно е дека се должат на редовните физички активности и здравата исхрана. Но, лесно е да се зборува за вежбање и добра фигура кога телото не е изложено на драстични промени предизвикани од природни фактори, како што е бременоста. Доколку очекувате принова и се прашувате како ќе успеете да ги симнете вишокот килограми и да го затегнете телото по породувањето, Јасна ги има одговорите што ви требаат.

Не е никаква тајна тоа дека пред кратко време семејството на Јасна доби нов член – ќеркичката Лиа. Но, таа не дозволи бременоста да ѝ го ускрати задоволството од вежбање пилатес. Па, ако ве измачуваат прашања од типот „Дали смеам да вежбам за време на бременоста?“, „Какви вежби смеам да правам по породувањето?“ и „До каков режим на исхрана треба да се придржувам?“, само следете го примерот на Јасна и резултатите нема да изостанат! Ова се нејзините одговори на најчестите прашања што ги поставуваат идните и новите мамички…

Вежбаме со Јасна Лековска: Како најлесно да се вратите во форма по породувањето?

Дали смеете да вежбате за време на бременоста?

Најчестото прашање што ги измачува бремените жени е дали смеат да вежбаат во таква состојба. Иако ефектите на вежбањето се видливи кај жените кои се физички активни за време на бременоста, сепак пред да се фатите за работа, потребно е да побарате стручна консултација.

„Секоја бременост е различна, а прво и основно правило е да добиете потврда од вашиот матичен гинеколог дека имате нормална и уредна бременост. По оваа констатација на гинекологот, може да почнете со вежбање околу 12-тата недела од бременоста, а се вежба до самиот крај на бременоста. Девојките кои вежбаат пред и по забременувањето и тоа како ги чувствуваат благодетите од физичката активност и без проблем се враќаат во форма“, објаснува Јасна.

Доколку се двоумите дали да почнете со вежбање, не заборавајте најпрво да побарате совет од вашиот гинеколог. По неговото одобрување, слободно одвојте време за физичката активност што вам најмногу ви одговара.

Што треба да вежбаат идните мамички?

Секако дека нема да можете да вежбате со истиот интензитет како и пред бременоста, но сѐ уште имате многу опции.

„За време на бременоста треба да се прават лесни вежби со низок интензитет кои ќе ги прилагодувате секое тромесечје. Тоа подразбира вежби со сопствена тежина и користење тегови со мала килажа“, открива Јасна.

Спротивно на општото мислење, физичката активност е препорачлива за бремените жени, доколку сѐ е во ред со бременоста. Обрнете внимание на тоа како реагира вашето тело и според тоа прилагодувајте ги вежбите што ги правите.

Вежбаме со Јасна Лековска: Како најлесно да се вратите во форма по породувањето?

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар