Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

Сите ние правиме помали или поголеми подносливи работни пропусти, но нивниот број, барем кога станува збор за 2016-та година, треба да биде сведен на минимум. Најпросто кажано, немојте да ја ризикувате својата кариера поради обични глупости. Ова се работните пропусти кои не смеете да си ги дозволите на себе оваа година.

1-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Доаѓате последни на работното место

Во ред е да задоцните еднаш, но ако го правите тоа секојдневно или секој втор ден, можете да го привлечете вниманието на шефот и да го доведете во прашање своето работно место, но и својата кариера. Обидете се во 2016-та година да не доцните, не само на работа, туку и на секој закажан состанок. Тоа е најдобар начин да се научите да го почитувате туѓото време, но и другите да започнат да ве почитуваат вас.

2. Одите на работа мамурни

Не доаѓајте на вашето работно место мамурни, бидејќи тоа нема да ја загрози само вашата кариера, туку и ќе оставите голем негативен впечаток за вас лично. Пијте многу вода и обидете се вашиот мамурлак да остане незабележан.

3. Ја работите работата која ја мразите

Во време кога сите мислиме на финансиски опстанок, тешко е да се каже дека не треба да ја работите работата што не ја сакате. Меѓутоа, ако таа работа ви го нарушува вашето здравје, во која било смисла, тогаш никако не си дозволувајте да го работите она што не ве исполнува, а уште помалку, она што не ве прави среќни.

4. Работите прекувремено само затоа што чувствувате вина

Ако другите остануваат на работа прекувремено, тоа не значи дека и вие треба да го правите тоа. Штом сте си ја завршиле својата работа или сте завршиле нешто повеќе, никако не се оптоварувајте со дополнителна работа, особено надвор од работното време, бидејќи утредента ќе бидете преморени и исцрпени, а тоа воедно ќе влијае на вашата продуктивност.

2-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Не разговарате со колегите

Оваа година потрудете се да имате коректен однос со останатите луѓе на работа. Нема да ви штети ако ги прашате како се или да поразговарате со нив на некоја тема. На овој начин вие, но и тие ќе се чувствуваат попријатно и така сигурно подобро ќе соработувате во иднина.

6. Губите време на социјалните мрежи

Во ред е да бидете на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа ако природата на вашата работа го бара тоа, но тоа не значи дека треба постојано да „висите“ таму. Освен тоа што вашиот шеф, порано или подоцна, ќе го забележи тоа, постојаното сурфање на интернет може сериозно да влијае на вашата продуктивност.

7. Се плашите од вашиот шеф

Во ред е да го гледате вашиот шеф како авторитет, но тоа не значи дека треба да се плашите од него. Затоа обидете се во 2016-та година да ја промените оваа особина и потрудете се својот страв кон шефот да го претворите во нешто покорисно за вас – нешто што нема да ве спречува да напредувате.

3-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар