Вечна мистерија: Зошто затворените мажи магнетски нè привлекуваат?

Вечна мистерија: Зошто затворените мажи магнетски нè привлекуваат?

Таинствени се, не зборуваат многу, тешко се доверуваат, често се отсутни, се исклучуваат од разговорот и одлетуваат во својот сопствен свет. Зошто овие мажи се толку привлечни?

Imagens da semana 207 - MDig

Мистериозни се

Во нивната глава се крие сè и сешто, но не сакаат тоа да го споделат со луѓето околу себе. Поради тоа се интересни и преставуваат предизвик за секоја жена.

Пријатни се

По природа се релаксирани и опуштени, никогаш не се напорни за друштво, не бараат внимание, можат да бидат одлични слушатели. Всушност овие особини ги прават симпатични и пожелни.

Специфични погледи кон светот

Начинот на кој го гледаат светот е магичен и изненадувачки. Тоа не значи дека се во облаци и нереални, всушност тие сe многу реални и знаат што прават. Имаат добра смисла за хумор.

Прекрасни партнери

Самопрашувањето им е главна особина и тоа ги прави перфекционисти и личности кои сакат сè да помине во најдобар ред. Жените многу ја ценат оваа особина и таков партнер сакаат покрај себе.

Интелигентни се

На жените им се привлечни мажи со кои можат да зборуваат со часови и истовремено да ги слушаат. Љубопитни се, истражуваат, а жените сакаат ваков тип на мажи за врска.

Се познаваат самите себе

Многу добро знаат што сакаат, а што не. Ги знаат своите вредности, имаат животна цел и знаат на кој начин да ја остварат. Одговорни се, а тоа и го бараат од другите. На овие мажи може да им се верува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар