Важни работи кои треба да ги знаете за ендометриозата

Важни работи кои треба да ги знаете за ендометриозата

Ова е болест со која се соочуваат многу жени, а сепак малкумина знаат за неа. Во продолжение прочитајте ги најважните работи кои треба да ги знаете за оваа болест, како и кои се најчестите недоразбирања поврзани со неа.

Работи кои треба да ги знаете за ендометриозата

Што е ендометриоза?

Ендометриозата е присуство на мали делчиња ткиво кои се наоѓаат надвор од матката. Изгледаат слично како ткивото кое се наоѓа во матката и можат да се променат и да се воспалат за време на менструација. Ова резултира со разни симптоми кои се разликуваат од една жена до друга.

Кои се најчестите симптоми?

Најважниот симптом се екстремно болните менструации. Жената со ендометриоза е „парализирана“ за време на менструацијата. Други симптоми кои можат да се појават се болка кога немате менструација, обилно крвавење, крвавење помеѓу менструации, болен сексуален однос и болно уринирање.

Што да направите ако мислите дека имате ендометриоза?

На просечната жена со оваа болест ќе ѝ бидат потребни 6 до 10 години пред да добие точна дијагноза. Најчесто причината за ова е тоа што симптомите се мешаат со оние од менструалниот циклус.

Како се дијагностицира?

Во минатото дијагнозата била со операција. Денес често се користи ултразвук бидејќи кај некои жени се формираат цисти.

Која е прогнозата?

Ендометриозата е различна кај секоја жена. Кај некои жени третманот е со пилули за контрацепција, за други е промена во исхраната и вежбање. На некои дури им е потребна и операција. Сепак, потребата од операција е многу ретка, па тоа не треба да ве плаши да побарате помош.

Кои се најголемите недоразбирања за ендометриозата?

Најважното нешто што жените треба да го знаат за оваа болест е дека не значи дека ќе имаат проблеми со плодноста. Мнозинството жени со оваа болест остануваат бремени и важно е да го запомните тоа.

Погледнете и кои се менструалните проблеми кои не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар