Важни лекции за животот и успехот што можеме да ги научиме од Џим Кери

Џим Кери е присутен на филмските екрани повеќе децении, а без разлика дали го сакате или го мразите, тој е многу успешен во својата кариера, благодарение на неговиот природен хумор и креативност. Но, неговиот пат не бил отсекогаш лесен. Секогаш кога ќе погледнеме кон успешните луѓе, си велиме дека се многу среќни и богати, но дали ова е вистината?

Важни лекции за животот и успехот кој можеме да ги научиме од Џим Кери

За Џим Кери било тешко да се стигне онаму каде што е денес, а ние не слушаме често за неговата храброст и решителност која лежи зад целиот успех. Понекогаш ги судиме луѓето според нивниот изглед или во споредба со нашите животи. Еве зошто Џим Кери треба да ви биде извор на инспирација и да ве научи на некои лекции што можете да ги примените во вашиот живот.

Позитивните работи може да дојдат токму од тешките ситуации

Детството е време кога се формираат вашите мисли, верувања и перспективи. Па, тешките искуства може да имаат влијание на вас, без притоа да го сфатите тоа. Кога го поминувате детството во сиромаштија, недостаток на многу работи, а понекогаш и очај, тоа може да влијае врз вашиот поглед кон животот, создавајќи ограничувани верувања за вас и за она што вие можете да го постигнете. И покрај неговиот огромен успех, Кери немал идеално детство. Тој страдал од хиперактивно нарушување и му било тешко да запознава пријатели. Неговите родители биле сиромашни и во еден период морале да живеат во комбе, a Кери работел додека учел. Но, наместо да ги користи тешките околности како пречка, тој го користи своето искуство за на позитивен начин да размислува за своите соништа и амбиции. Без разлика дали верувате или не, вие имате избор како да гледате на животот: Дали ќе дозволите лошите искуства да влијаат на вас и да ви бидат препрека или пак ќе одберете да ги користите нив со цел да направите нешто подобро за себе.

Решителноста е клучот за успех

Кога Кери одлучил да се пресели во Холивуд за да ја следи својата кариера, тој не постигнал успех за краток момент. Имено, му биле потребни 10 години пред да ја направи првата пауза. И покрај тоа што се чувствувал уморно, тој не се откажал од следењето на своите соништа. Мотивацијата и одлучноста се нешта што сите вие ги имате во вас, но понекогаш е тешко да ги одржувате затоа што работите не секогаш излегуваат онака како што сте ги замислиле. Ако имате одредена цел или сон кој сакате да го остварите, потребно е да започнете со мали чекори и да продолжите да се движите напред, дури и да чувствувате дека тоа не е насоката која ја сакате, сепак, не застанувајте и не откажувајте се. Кери верувал во себе и во тоа дека еден ден ќе ја оствари целта поради која се преселил во Холивуд. Не можете да го предвидите животот и сите случувања, но можете да имате верба дека доколку нешто сакате доволно и се стремите кон тоа, тогаш ќе имате успех.

Важни лекции за животот и успехот кој можеме да ги научиме од Џим Кери

Секој поминува низ некоја борба за која вие не знаете

Многу луѓе ќе бидат изненадени од тоа дека забавниот човек од Холивуд страдал од депресија голем дел од својот живот. Можеби изгледа малку иронично дека успехот и депресијата може да одат заедно, но Кери не бега од својата тага и покажува дека славата, успехот и титулата „забавен човек“ не значи дека тој е среќен од внатре. Тој продолжува да се бори со депресијата, прифаќајќи ги негативните чувства и тоа дека животот не е секогаш лесен. Кери ја насочува енергијата кон она што го прави среќен и кон она што веќе го има во животот. Затоа, никогаш не претпоставувајте дека успехот секогаш е проследен со среќа. Никогаш не погледнувајте во нечиј живот и не го гледајте кај нив она што вие го немате, претпоставувајќи дека тие се среќни и богати. Без разлика колку некој е успешен, многу луѓе поминуваат низ битки за кои не знаете.

Правете што можете за да им помогнете на другите

Тешкотиите на Џим Кери во неговиот ран живот му покажале дека треба да им помага на оние кои имаат потреба од тоа. Во 2005 година тој формирал добротворна организација со која се промовира земјоделството, дозволувајќи им на земјоделците и работниците да заработат за подобар живот. Иако е лесно да се каже дека Кери е милионер и успешен актер кој може да си го дозволи ова, сепак, тој и не би требало да го прави тоа доколку не сака. Всушност, никој од нас не мора да им помага на другите кога се во неволја, но сето тоа е важно за алтруизмот: Да давате повеќе и да не очекувате ништо за возврат. Помагањето на другите е важен фактор за вашата лична среќа. Не секој од вас може да основа добротворна организација, но таа започнува во вашето срце, со вашето семејство, пријателите, соседите и заедницата како целина. Само малку одвоено време за да им помогнете на другите е сѐ што е потребно за да го направите светот подобро место за живеење.

Без разлика дали сте фан на Џим Кери или не, секогаш е добро да го земете неговиот живот како пример за некој кој има преживеано тешки времиња, достигнал успех, а и се грижи за другите. Запаметете, успех е она што го правите, без разлика од каде сте започнале.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар