Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци

Се приближува новогодишната прослава, а со тоа започнува женското празнично лудило околу пронаоѓањето на совршената облека и фризура за оваа прилика. Но, што е со вашиот маникир? Со помош на овој туторијал, ќе дознаете како да си ги средите ноктите, на начин со кој ќе покажете дека ве фатила вистинска празнична еуфорија. :)

Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци

1. Откако ќе ги обликувате вашите нокти со турпија во посакуваната форма и ќе ги турнете кутикулите кон коренот на ноктот, нанесете лак за основа, а потоа обојте 4 нокти од секоја рака со темно црвен лак со светки.

2. На двата нокти кои ги оставивте нелакирани, нанесете снежно бел, непровиден лак, а потоа одозгора нанесете сјаен провиден лак, за и тие да светкаат како црвените нокти.

3. Земете една шпенадла и топчето потопете го во бел лак и нацртајте малечка точка малку подесно од средината на ноктот. Повторете ја постапката кај двата бело налакирани нокти, цртајќи црвена точка.

4. Нацртајте буква „С“ на двете страни од точката, со соодветната боја на лак. Потоа, со многу тенка четкичка нацртајте по три долги латинични букви „V“, за да го постигнете ефектот на триаголно пресечени врвови од панделка.

5. Завршете ја панделката, цртајќи четири прави линии, од точката кон краевите на ноктите. Завршете со лак за финиш.

Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар