Вашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагата

Вашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагата

Сите сме имале лоши моменти во животот и периоди кога нè надвладеала тагата или депресијата. Но, чекањето лошото чувство да помине само може да нè доведе да се чувствуваме полошо бидејќи сите имаме навика да размислуваме премногу околу тоа што нè мачи и да го преувеличуваме проблемот.

Вашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагата

Поради тоа психолозите советуваат дека во таквите моменти клучно е да се преземе акција. Нашето однесување може да го смени текот на работите, нашиот живот е клучот за победување на задоволството наспроти тагата. Ова се трите чекори кои треба да ги преземеме во ваквите периоди.

Прв чекор: Излезете од безнадежноста

Кога веќе одреден период се чувствуваме лошо, влегуваме во безнадежна ситуација, мислејќи дека работите никогаш нема да се променат. Она што ни се случува е блокирање на среќните спомени поради сегашните проблеми. Моменталната ситуација не ни дозволува да се сетиме на сите убави моменти во минатото како и на сè убаво што би го доживеале во иднина, и така се вртиме во круг.

Мора да ги форсираме нашите мисли да веруваат дека ситуацијата не е безизлезна. Да ги избркаме од главата сите тие помисли дека ни е судено да бидеме несреќни. Натерајте се себеси да се навратите на среќните моменти. Сте доживеале прекрасни, среќни моменти и ќе ги доживеете повторно. Правете си белешки за сè она што ве прави среќни во текот на денот. Не испуштајте ни една мала ситница. Запишете сè што ви донело макар мала насмевка. Така ќе ги оттргнете мислите од она што ве мачи.

Изградете нова надеж за иднината базирана на среќните моменти од минатото и сè она што ве прави среќни во сегашноста. Она во коешто верувате и она на што се надевате запишете го на парче хартија. Психолозите советуваат ваквите работи да бидат запишувани бидејќи така имаме поголема прегледност за она што нè прави среќни и за она што го сакаме во иднина. Едно е да помислиш на нешто, а друго е да го запишеш. Со запишувањето имаме цврст доказ.

Втор чекор: Пронајдете го задоволството

Следниот чекор е самите да си направите рецепт за среќа. Најдете ја среќата во три подрачја: минатото, сегашноста и иднината. Размислете за работите кои ве правеле среќни во минатото, запишете некои убави и весели спомени и сеќавајте се на позитивни случки и важни достигнувања. Потоа погледнете ги белешките кои ги направивте за работите кои ве прават среќни во сегашноста. Анализирајте се себеси, ќе забележите како во многу погледи сте напреднале како личност. Потоа, погледнете што запишавте како надеж за во иднина. Можеби не е во ред сè да се планира однапред и да имаме преголеми очекувања бидејќи би биле разочарани, но оној кој нема цел не ни знае каде оди. Запишете ги работите кои најмногу ве инспирираат и мотивираат. На овој начин совршено си го создавате сопствениот рецепт за среќа.

Трет чекор: Испланирајте ја сопствената среќа

Нека не остане само на правење планови, сега е време и за нивно остварување. Работите кои ви носат најголемо задоволство, правете ги почесто. Испланирајте ја вашата среќа со тоа што ќе си направите распоред. Секој ден одвојувајте време за она што ве исполнува. Ова е совршен начин да ја победите тагата со тоа што ќе имате добар план и ќе знаете кон што целите. Вие сте свесни дека секој ден ќе добивате макар одредена количина од работите и моментите кои ви носат среќа. Самите си гарантирате за тоа.

Моќта да ги промениме работите ја имаме во оној момент кога ќе сфатиме колку работи зависат од нас самите и од начинот на кој размислуваме.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар