Варено вино со калинка

Одличен пијалак за зимскиот празничен период

Варено вино со калинка

Потребни состојки:
  • 1 шише црвено вино
  • 4 супени лажици мед
  • сок сосе семки од една калинка
  • 1-2 супени лажици свеж ѓумбир
  • 3-4 стапчиња цимет
Начин на подготовка:

Ставете ги виното и медот во тенџере, а потоа додајте им ги сокот од калинка, ѓумбирот и стапчињата цимет. Варете ги на среден оган 8-10 минути, а потоа процедете го пијалакот за да ги отстраните ѓумбирот и семките од калинката. Потоа е спремно за сервирање. Добра идеја е да го послужите со стапчиња цимет и тенка кора од калинка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Сашко Reply

    воа со крштеникот и крштеникта ќе го направиме.

Остави коментар