Мирисно варено вино

Вареното вино е пијалак кој дефинитивно ја означува зимата. Топлото, мирисно црвено варено вино е совршено за забави и интимни прослави, затоплување во ладните зими и прекрасните снежни ноќи.Мирисно варено виноПотребно е:

  • едно шише црвено вино
  • 250 мл вода
  • 2 стапчиња цимет
  • 3-4 каранфилчиња
  • 100 мл цеден сок од портокал
  • 100 мл цеден сок од лимон
  • 50 г шеќер

Мирисно варено виноМирисно варено виноСтавете го виното во тенџере на тивок оган.Мирисно варено виноДодадете ги водата и соковите од портокал и лимон.Мирисно варено виноПотоа, додадете ги зачините и шеќерот.Мирисно варено виноТечноста не треба да врие, бидејќи ќе изветрее алкохолот, туку само да се грее 10 минути. На крај, со мала цедалка извадете ги зачините. Сервирајте го виното топло, во голема стаклена чаша.Мирисно варено виноНајважно, споделете и пијте го со пријателите.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар