Уникатно дизајнирани нокти за неколку минути

Уникатно дизајнирани нокти за неколку минути

Автор: Моника Трајковска

Средените нокти се желба на секоја девојка. Лакот е совршениот моден додаток. Доколку ви е здодеано од секојдневните еднобојни нијанси на вашите нокти, еве една идеја како сами да направите интересен дизајн, кој нема да помине незабележано од луѓето околу вас.Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиУникатно дизајнирани нокти за неколку минутиШто ви е потребно?

  • базичен лак што се користи како основа
  • ваш избор на лакови во различни бои
  • безбоен завршен лак
  • чаша филтрирана вода
  • дрвено стапче или молив
  • сeлотејп (за околу ноктите)
  • ацетон
  • четка (за отстранување на вишок лак)

Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиНанесете го базичниот лак и врз него еден слој во боја по ваш избор. Се препорачува да се користи лак во бела боја бидејќи на неа најдобро се истакнуваат боите кои ќе ги употребите понатаму. Откако ќе завршите, залепете селотејп на вашиот прст, оставајќи го само ноктот изложен. Внимавајте да не покриете и делови од ноктот.

Земете ја чашата со филтрирана вода и врз неа пуштете само една капка од лакот што сте го избрале како прв. Бојата многу брзо ќе се рашири на површината на водата. Менувајте ги боите на лаковите, капка по капка, сè додека не добиете центар кој наликува на оној од табла за стрелање.Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиПотоа употребете ја својата имагинација и полека движете го стапчето или моливот на површината на водата сè додека не го добиете посакуваниот дизајн.Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиОткако ќе го завршите дизајнот, со вашиот нокт насочен кон делот кој најмногу ви се допаѓа спуштете го прстот во водата (како граница користете го крајот на сeлотејпот).

Додека прстот ви е целосно под вода, употребете го стапчето за да го исчистите просторот околу него (лакот од водата ќе се залепи за стапчето и нема да го уништи дизајнот на вашиот нокт кога ќе го извадите прстот).Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиИзвадете го прстот од водата, почекајте малку да се засуши лакот, па потоа извадете го сeлотејпот. Доколку ви остане боја околу ноктот, со помош на четката и ацетонот полека избришете го.Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиИ за крај, нанесете го безбојниот лак и повторете ја целата постапка за останатите нокти.Уникатно дизајнирани нокти за неколку минутиДоколку не успеете од прва, не обесхрабрувајте се. Потребни се неколку обиди и грешки за да го постигнете совршениот дизајн. Со малку вежба ќе имате уникатни нокти наредниот пат кога ќе излезете со пријателите.

Еве и неколку видео туторијали за тоа како би требало да се одвива целата постапка:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. :D:D Reply

    А каква е таа дестилирана вода? 🙂

  2. lelee Reply

    Каква е таа филтрирана вода** ?

  3. Мони Reply

    Било која флаширана вода може да послужи, не се препорачува вода од чешма… 🙂

  4. Christinna Reply

    дестилирана вода може да се купи во аптека не е скапа воопшто и користи за повеќе работи 😀 исто така може да се полсжуши и со вода обична која ќе ја превриеш па ќе добиеш слично нешто на дестилирана вода

  5. ;) Reply

    не мора да е ни дестилирана ни флаширана, испробано е можи и од чешма само треба да е на собна температура, да не е ладна многу.

  6. Јас Reply

    јас сум ги правела со вода од чешма на собна температура и одлично излегуваат, само некои лакови се погусти па не се убаво раширува кругот кога ке се капне во вода, само на тоа треба да се внимава

  7. Keri Reply

    mozete i so voda so 70% alkohol uspevaat i taka 🙂

  8. Јас Reply

    само што треба квалитетен лак за ова, а тоа ретко може да се најде во македонија..

  9. monni Reply

    zoshto jas nemozham da crtam na lakot mi se raspagja :(?

Напиши одговор на Јас Откажи одговор