Уникатни рачно изработени филиграни кои ја разгалуваат вашата душа

Дијана Тодоровски воодушевува на Фејсбук со прекрасните филигрански форми на накит. Нејзините изработки предизвикуваат восхит што резултира со огромен број лајкови и пофални коментари за нејзината работа од страна на посетителите на „Добро Ми Стои“.

Дијана веќе една година се занимава со изработка на филигрански накит од чисто сребро 990 (чистина на сребро). Во своите мали ремек-дела вклучува и полускапоцени камења за да добие дополнителна убавина. Инспирацијата ја црпи од италијанските модни трендови, но исто така и од богатото културно творештво на Балканските народи и посебно од богатата македонска култура.

Секое парче е уникатно, неповторливо, резултат на моментална инспирација. За поедноставните форми се потребни неколку часа за изработка, а за покомплексните и до неколку денови. Филигранот го изработува во работилница во стара чаршија кај мајстор Аднан Рамадани, заедно со неколку свои колешки, уметнички надарени души.

Доколку сѐ уште не сте наишле на Фејсбук-страницата на Дијана, почнете да ја следите уште веднаш.

Во продолжение погледнете селекција од нејзиниот накит кој нам најмногу ни се допадна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар