Умници – што да се прави со нив?

Гостински пост: д-р Гоце Крстиновски

Се викаат умници само затоа што никнуваат во периодот од 17 – 25 година од животот. Тоа се всушност третите катници (молари), заби кои најчесто ја добиваат дијагнозата: заглавен (импактиран) заб.

Тоа значи дека забот не се гледа во усната празнина (иако некогаш може и да се гледа) и не може да ја постигне правилната положба. 9 од 10 луѓе имаат барем по еден заглавен умник, додека третина од популацијата ги нема воопшто.Умници - што да се прави со нив?Треба да го имате предвид следново:

  • Само затоа што не ги гледате во вашата уста, не значи дека ги немате!
  • Само затоа што ништо не ве боли, не значи дека немате проблем со нив!

Имено, импактираните трети молари се придружени со следниве состојби:

1. инфекција на околното ткиво
2.
кариес (кој може да го зафати и здравиот соседен втор молар)
3.
циста во коскеното ткиво околу забот.

Ако имате импактирани умници, а не ви се случило ништо од наведеното, тогаш може да размислувате за тоа да си ги чувате како такви. Но, најважно е да се има ситуацијата под контрола, со редовни рендгенски контроли (на 1-2 години) за да се избегнат состојбите кои можат да се развијат без некои симптоми (како цистата).

Рутинската екстракција која се практикуваше во минатото, веќе не се применува. Одлуката за вадење се донесува во консултација со специјалист по орална или максилофацијална хирургија или специјалист ортодонт. Посебно внимание треба да се посвети на случаите во кои забот на рендгенската снимка е во непосредна близина на еден канал во долната вилица низ кој минуваат нервни и крвни садови.

Самата процедура е безболна, почести се полесни постоперативни компликации (оток, болка, инфекција) поради кои најверојатно ќе си добиете еднодневно боледување во дружба со  ладни облоги и една доза антибиотик.

Едно е сигурно, со нивното вадење, умот НЕМА да го изгубите!

Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологија
контакт-имејл: gocebt23@yahoo.com



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Elena Reply

    dobro mislam deka vidovo i ne e bas potrebno.ova e isto kako:sakame i telesko da jademe ama ne mora da gleame kako go kolat zivotnoto neli?:(

  2. emilija Reply

    nivnoto vadenje e bezbolno..tocno..no potoa sleduva 10 dena pekolni bolki !!!

Остави коментар