Уметност со пиксели: Супер Марио во вашата коса!

Покрај многуте нови трендови кои се базираат на ретро работи, оваа сезона се чини дека носталгијата е уште поголема. Имено, станува збор за еден од нашите омилени ликови од видео игрите од 80-тите години, Супер Марио, кој оваа сезона е достапен како боја на коса. Да, добро прочитавте! Погледнете ја оваа уметност создадена од групата „Х-presion Creativos“ од Мадрид, Шпанија.

Тренд кој воодушевува: Супер Марио во вашата коса!

Кога косата е во движење или е разбушавена, таа изгледа како да има само неколку шарено обоени прамени. Но, кога косата е поставена рамно и право, тогаш се забележуваат две Марио фигури, во нивната класична форма од 1981 година.

Тренд кој воодушевува: Супер Марио во вашата коса!

Создавачите на овој тренд минатата година ја лансирале нивната иновативна пикселна техника за боење на косата. Тие применуваат случајни форми и резултатот е некој луд графички дизајн.

Тренд кој воодушевува: Супер Марио во вашата коса!

„X-presion Creativos“ неодамна дебитирале со нивната последна пиксел креација, Супер Марио, во Токио, Јапонија. Тимот соопштил дека им требало околу една недела напорна работа за да го направат овој омилен лик од видео игрите на косата, а тоа го направиле во чест на видео играта која е одлика на нивното детство.

Тренд кој воодушевува: Супер Марио во вашата коса!

Погледнете дел и од останатата нивна работа, доколку барате инспирација за нова фризура…

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар