Украсете ги ушите со волшебни соѕвездија: Нов начин на пирсање што го освои светот

Некои гледаат уво, некои гледаат цел универзум! Станува збор за најнов моден тренд што почнуваат да го следат многу луѓе ширум светот. Овие соѕвездија од пирсови се состојат од мали светкави обетки наредени низ целото уво. Можете да ги носите на различни начини: „Расфрлани“ во увото како ѕвездите на небото, збиени во мал блескав грозд, или, пак, наредени едни под други. Можностите се бесконечни само треба да ја разбудите вашата креативност.

Украсете ги ушите со волшебни соѕвездија: Нов начин на пирсање што го освои светот

Погледнете го овој начин на пирсање прикажан преку следниве фотографии кои несомнено ќе ве инспирираат и вие да го украсите увото со едно волшебно соѕвездие…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар