Убаво лице не значи убаво срце! Поради ова не им се допаѓате на другите луѓе

Убавината поминува, а многу поважно е она што го имаме во себе. Ова изрека ја кажуваат многу луѓе, но никој од нив не ја сфаќа сериозно сè додека не сретне токму такви луѓе – убави, но празни однатре. После тоа следува разочарување, особено ако таа личност ни се допаѓала подолго време, бидејќи ништо не може да биде полошо од убав/а маж/жена со кој/а не можете да направете нормален разговор од две реченици.

Можеби и вам луѓето нема да ве сакаат поради овие карактеристики.

1-ubavo-lice-ne-znachi-ubavo-srce-poradi-ova-ne-im-se-dopagjate-na-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_

1. Немате свое „ЈАС“

Нема ништо полошо од тоа да ја запознаете личноста која ви се допаѓа, а потоа да сфатите дека таа нема свое „јас“ или пак живее за мислењето на другите луѓе. Да го додадеме фактот дека таа не знае како да го искаже своето мислење, бидејќи нејзиното мислење е мислењето на сите. На крај, може да заклучиме дека убавината и не е толку голема предност.

2. Постојано ги озборувате другите луѓе

Сигурно досега сте запознале многу луѓе чија единствена работа изгледа дека им е да ги озборуваат другите, а вас тоа ве иритира. Но, уште полошо е кога тие ги омаловажуваат другите луѓе, кои според нивно мислење се помалку атрактивни од нив. Токму со оваа особина тие всушност докажуваат дека се помалку атрактивни од луѓето за кои е тој коментар упатен.

2-ubavo-lice-ne-znachi-ubavo-srce-poradi-ova-ne-im-se-dopagjate-na-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_

3. Мислите дека сте најпаметни

Никој, дури ни најголемите умови го немаат најголемото знаење на овој свет, а уште помалку да се фалат со него. Па, затоа на луѓето им смета кога некоја атрактивна и убава личност им „соли памет“ и ги убедува во спротивното за сè што тие кажуваат. Со оваа особина станувате непожелни во друштвото, дури и покрај целата ваша убавина.

4. Се однесувате кон другите како да се помалку од вас

Тоа што сте убави и атрактивни не ви дава за право да се однесувате агресивно и непријатно кон другите личности, бидејќи токму оваа особина ве прави непожелни за останатите. Вие не сте оние кои треба да судат кој е убав а кој не, кој е на ваше ниво а кој не е. Ако продолжете така, другите луѓе ќе започнат да ви враќаат на истиот начин, а тоа може да ве заболи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар