Убави мисли за убав ден

Убави мисли за убав ден

Автор: Горана Коневска

Одредени зборови подредени по вистинскиот редослед, чинат мисли кои слушнати во вистинскиот момент, се доволно моќни да ни го направат денот. Изберете една која ќе ве води до крајот на овој ден.

Убави мисли за убав ден

1. Кога ќе заѕвони минатото, остави ја телефонската секретарка да одговори, бидејќи не се јавува да ти соопшти ништо ново.

2. Уживај во животното патување, тука си со причина.

3. Не споредувај се себеси со другите… Никој на светот не може да биде подобро ТИ од ТЕБЕ.

4. Кога ќе се опуштиш, стравот го снемува, а љубовта расте.

5. Кога осудуваш некого, не го опишуваш него, туку се дефинираш самиот себеси.

6. Без разлика што се случува во твојот живот, секогаш имаш ИЗБОР да бидеш среќен или тажен.

7. Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси без никакво осудување.

8. Дека еден учител е добар, не е знак бројот на ученици што ги има, туку бројот на учители кои ги создава.

9. Ако си депресивен – значи живееш во минатото, ако си конфузен значи дека живееш во иднината, а ако живееш само во сегашниот момент, тогаш ќе чувствуваш само МИР.

10. Што и да се случува околу тебе, немој да го сфаќаш тоа лично. Луѓето не прават ништо заради тебе, туку заради самите себеси.

11. Твојот живот е манифестација на твоите соништа, тоа е уметност. И во секој момент можеш да го промениш доколку не уживаш во него.

12. Некои врски се појавуваат за да ти помогнат во одредени животни лекции, а кога лекциите ќе бидат научени, треба да знаеш да ги пуштиш и да продолжиш понатаму.

13. Немој да очекуваш да добиеш, ако не си спремен да дадеш.

14. Ако си доволно среќен да добиеш втора шанса, немој да ја пропуштиш.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    1. Кога ќе заѕвони минатото, остави ја телефонската секретарка да одговори, бидејќи не се јавува да ти соопшти ништо ново. Ова е прекрасно!

  2. Bisera Reply

    Одлично! Текстов дефинитивно ми го разубави денов!

  3. Име Reply

    задолжително четиво секое утро со кафенце…

  4. Tоде Reply

    …Секоја чест за трудот што го вложувате…нема ништо поубаво од тоа да бидеш покрај мудри и искрени луѓе….секако, љубовта на прво место….

Напиши одговор на Антонио Откажи одговор